НЕИ ПОРИ - VILLA ANASTASSIOS
Villa Anastasios се наоѓа во втората линија на објекти, на оклу 150 метри оддалеченост од големата плажа во Неи Пори. Лоцирана во убаво уреден двор веднаш до вилата Магас, веќе со години претставува посакуван објект за летен одмор. Нејзината внатрешна организираност се каракеризира со убаво уредени двокреветни и трокреветни студија, распоредени на првиот кат од заедничкиот објект. Сите единици се опремени со соодветен мебел, мини-кујни, тоалети, ТВ и клима уреди, како и балкони со поглед кон една од главните улици во местото. Во близина на вилата се наоѓаат и повеќе супер маркети, продавници и ресторани за бројните туристи во Неи Пори.
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА
-10% ПОПУСТ за уплати до 31.01.2025
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА
-10% ПОПУСТ за уплати до 31.01.2025
- Цените се дадени за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз)
*Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Употребата на клима уред во ANASTASSIOS е бесплатна (каде што е достапен).
- Доплата за туристичка такса 2€ (се плаќа во објектот).
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата).
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во 06:00 ч. (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во 06:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во 07:00 ч. (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во 07:30 ч. (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во 08:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Грција:
- Истиот ден попладне.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден: Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент.
2 - 7 ден: Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции, екскурзии и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден: Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз, во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.
ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ
Прв кат:
- Студио. бр.1, тип 1/2+1 (еден брачен кревет со ширина 120 cm и еден единечен кревет со ширина 90 cm). Поглед кон улица, кон Хотел Платон.
- Студио бр.2, тип 1/2+1 (еден брачен кревет со ширина 130 cm и еден единечен кревет со ширина 100 cm). Поглед кон соседна вила.
- Студио. бр.3, тип 1/2+1 (еден брачен кревет со ширина 120 cm и еден единечен кревет со ширина 100 cm). Поглед кон улица, кон Хотел Платон.
- Студио. бр.4, тип 1/2+1 (еден брачен кревет со ширина 120 cm и еден единечен кревет со ширина 100 cm). Поглед кон соседна вила.
Сите студија се трокреветни (еден брачен и еден единечен кревет), со кујна опремена со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, висечки елемент над кујна и под кујна и се опремени со LCD TV и клима, маса и столчиња, ( соодветно на бројот на кревети). Прозорот е од балконската врата, нема комарник, но има ролетна. Тоалетот е со туш кадичка за стоење.