• ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • НОЕМВРИ
    • ДЕКЕМВРИ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • Авионски индивидуални
    • ПОКЛОНИЧКИ
  • 8 ДЕКЕМВРИ
  • СКИ КАМП 2026
  • ВИЗИ
  • Travel2Macedonia
  • Општи услови 2025
  • КОНТАКТ
  • НОВА ГОДИНА 2026
  • ЛЕТО 2026
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • НОЕМВРИ
    • ДЕКЕМВРИ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • Авионски индивидуални
    • ПОКЛОНИЧКИ
  • 8 ДЕКЕМВРИ
  • СКИ КАМП 2026
  • ВИЗИ
  • Travel2Macedonia
  • Општи услови 2025
  • КОНТАКТ
  • НОВА ГОДИНА 2026
  • ЛЕТО 2026

Мркоњиќи, Тврдош, Острог, Ждребаоник и Бар

1. ден 27.04.2025  Состанок на групата во 21.00 и заминување за БиХ, преку граничен премин Ќафасан. Попатни паузи и царински формалности.
 
2 ден 28.04.2025 Пристигнување во  Местото Мркоњиќи.  Селото Мркоњиќи се наоѓа на источната страна на Попово Поље на патот Требиње - Љубиње. Во ова село на 28 декември 1610 година е роден светиот отец Василиј Острошки, крстен со името Стојан, од мајка му Анастасија и татко Петар Јовановиќ. На празникот Свети Василиј Чудотворец Тврдош и Острог, на 12 мај 1998 година, во селото Мркоњиќи во Поповопоље беше осветен храм посветен на Свети Василиј. Храмот е изграден врз темелите на родното место на големиот светител и се наоѓа од десната страна на патот кога се приближува од правец на Требиње. Од левата страна на патот е црквата Св. Никола каде се крсти светителот. До црквата има гробишта каде е погребана и света Ана, мајката на Свети Василиј. Потоа упатување кон манастирот Тврдош. Манастирот Тврдош е изграден на темелите на црква која датирала од 4 век, период кога Србите како народ сè уште не го примиле христијанството за своја религија. Темелите на старата црква може да се видат во манастирот, бидејќи дел од подот на манастирот е во стакло. Манастирот Тврдош е изграден околу 1509 година, а во 1517 година со фрески го насликал дубровчанецот Вице Ловров. Во втората половина од 16 и во 17 век во манастирот живееле херцеговските митрополити.  Во манастирот се подвезувал еден од најголемите светци на православната црква – Св. Василиј Острошки.  По посета на манастирот заминување за Црна Гора . Пауза за ручек во Никшиќ .  Во попладневите  часови заминување за Острог. Ноќевање во манастирот.
 
3 ден 29.04.2025 Проследување на службата во Манастирот Острог. Манастирот Ждребаоник е женски манастир и се наоѓа на 17 км оддалеченост од Острошки манастир. Храмот е основан во 1818 година и е посветен на Архангел Михаил. Изграден е на темели од постар храм од Немањичи, метох на манастирот Морача. Потоа упатување за Бар. Посета на црквата Св. Јован Владимир и пауза за ручек... Поаѓање за Македонија во попладневните часови ( околу 15 часот) . Пристигнување во доцните вечерни часови.
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 3300 мкд ( можност за плаќање на 2 рати)

 
 
Цената вклучува :

 
Превоз на дадената релација
Оранизација и водство со лиценциран придружник
Посета на Мркоњиќи, Тврдош, Острог, Ждребаоник и Бар
 
Цената не вклучува :

 
Ноќевање во конаците 5-7 евра ( по желба на патникот)
Туристичка такса за влез во БиХ ( 1 евро по патник се плаќа при влез на г.п.)
Туристичка такса за Острог ( 1-2 се плаќа на лице место)
Превоз со комбиња од паркингот до манастирот Острог (1-2 евра по желба на патникот )
НАПОМЕНИ:
За ова патување е потребен минимум од 35 патници!
Може да се патува само со лична карта
За ова патување важат општите услови за патување на Ле Ти турс Караџа 2007

Proudly powered by Weebly
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • НОЕМВРИ
    • ДЕКЕМВРИ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • Авионски индивидуални
    • ПОКЛОНИЧКИ
  • 8 ДЕКЕМВРИ
  • СКИ КАМП 2026
  • ВИЗИ
  • Travel2Macedonia
  • Општи услови 2025
  • КОНТАКТ
  • НОВА ГОДИНА 2026
  • ЛЕТО 2026