• ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • НОЕМВРИ
    • ДЕКЕМВРИ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • Авионски индивидуални
    • ПОКЛОНИЧКИ
  • 23 Oктомври
  • 8 ДЕКЕМВРИ
  • СКИ КАМП 2026
  • ВИЗИ
  • Travel2Macedonia
  • Општи услови 2025
  • КОНТАКТ
  • НОВА ГОДИНА 2026
  • ЛЕТО 2026
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • НОЕМВРИ
    • ДЕКЕМВРИ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • Авионски индивидуални
    • ПОКЛОНИЧКИ
  • 23 Oктомври
  • 8 ДЕКЕМВРИ
  • СКИ КАМП 2026
  • ВИЗИ
  • Travel2Macedonia
  • Општи услови 2025
  • КОНТАКТ
  • НОВА ГОДИНА 2026
  • ЛЕТО 2026

ПРОЛОМ БАЊА

1.Ден 06.12.2025  (сабота) БИТОЛА – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата на Спортска Сала. Поаѓање за Србија во 00.10 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи и  царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне. Сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање. 
 
2.Ден 07.12.2025 (недела) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Ден предвиден за организирана посета со автобус и локалет водич (дококу временските услови се поволни) до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи. Вечера. Ноќевање. 
 
 3.Ден 08.12.2025 (понеделник) ПРОЛОМ БАЊА 

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Во 10 часот заминување на организирана прошетка низ Пролом Бања до единствената црква брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феноме, 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Враќање во хотел. Заминување кон Македонија околу пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки поапатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
 
Цена на аранжманот 160 евра

Во цената на аранжманот е вклучено: 
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во Хотел Радан 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
- Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)
- Користење на услугите од Велнес Центар: затворен базен со Пролом вода, отворено - затворен базен со Пролом вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум
- Користење теретана и фитнес сала
- Користење сала за рекреација (биљард, пинг понг, пикадо)
- Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
- Туристичка такса
- Организација и реализација со туристички придружник
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Здравствено - патничко осигурување
- Излет до Ѓавола Варош со локален водич со автобуски превоз и влезница - 10 € 
 
Попусти и опционални доплати:
- Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање)  бесплатно во хотел плаќа само превоз 35 евра
- Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 50% од цената на аранжманот
- Доплата за еднокреветна соба 30 евра
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 620 мкд
 
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 35 патници.  
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба. 
 
Proudly powered by Weebly
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • НОЕМВРИ
    • ДЕКЕМВРИ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • Авионски индивидуални
    • ПОКЛОНИЧКИ
  • 23 Oктомври
  • 8 ДЕКЕМВРИ
  • СКИ КАМП 2026
  • ВИЗИ
  • Travel2Macedonia
  • Општи услови 2025
  • КОНТАКТ
  • НОВА ГОДИНА 2026
  • ЛЕТО 2026