ПРОХОР ПЧИЊСКИ - ВРАЊЕ
Манастирот на свети Прохор Пчински се наоѓа во шумовитите падини на планината Козјак, на левиот брег на реката Пчиња, во непосредна близина на селото Кленика и на само 30 километри јужно од Враење. Според легендата манастирот е изграден од страна на византискиот цар Роман Диоген во 11 век во знак на благодарност на Свети Прохор Пчињски ,којму предвидел дека ќе стане цар. Политичките случувања што се одвиваат кон крајот на 10 и почеток на 11 век оставиле свој белег во овој крај. Со победата на Василиј II над Самоил, Византија успева да си ги врати изгубените територии на Балканскиот Полуостров, а со тоа доаѓа и до реорганизација на политичката и црковната ситуација во регионот. По Косовската битка во 1454 година манстирот е уништен од страна на Османлиите, за повторно да биде обновен во 1489 година од страна на Марин, син на попот Радоња од Кратово. Во тој период се насликани и вреските во самиот манастир, кои се сметаат за најважно уметничко дело од тој период. На 2 август далечната 1944 година тука е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија или познато како АСНОМ. Манастирот Прохор Пчински денес претставува целина во која се испреплетени културно историските спомени.
Врање е град во јужна Србија и седиште на истоимената општина. Врање претставува економски, политички и културен центар на Пчињскиот округ, во чиј состав влегуваат општините Босилеград, Бијановац, Владичин Хан, прешево, Сурдулица, Трговиште и Врање. Градот се простира во северозападниот дел на Врањската котлина, на левиот брег на реката Јужна Морава. Според пописот од 2002 година, во Врање имало 55.052 жители а во целата општина 83.288 жители.
Опис на програмата:
Понудата вклучува:
Понудата не вклучува:

- Тргнување од Спортска Сала, Битола во договореното време.
- Предвидено време за пристигнување во Прохор Пчински околу 10 часот.Слободно време за разглед и прошетка низ манастирот.
- Во договорено време со групата поаѓање за Врање.
- Слободно време за прошетка и разглед на Врање.
- Во 17:00 часот тргнување кон Битола.
Понудата вклучува:
- Превоз на наведената релација.
- Организација и водство на патувањето.
- Прошетка и разглед на манастирот Прохор Пчински.
- Посета на Врање.
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци
- Влезници за културно историски споменици