Поречки Манастир - Црква Св. Никола и Св. Богородица
Состанок на договореното место и заминување за Македонски Брод. Посета на Поречкиот манастир , потоа Црквата Св. Никола и Црквата Св. Богородица. Време за одмор. Враќање во Битола во попладневните часови.
- 1000 мкд по лице -
Цената вклучува:
- превоз на дадената релација
- организација и водство на групата
Поречкиот манастир претставува комплекс од црквата Св. Богородица која има централна положба и повеќе конаци кои ја обиколуваат манастирската црква. Се претпоставува дека манастирот и црквата Св. Богородица потекнуваат од 12 – ти век, период во кој се забележуваат неколку пишани записи во кои се спомнуваат селата Могилец, Калуѓерец и Манастирец, чии имиња се произлезени токму од манастирот. Во контекст на тоа, овие села се наоѓаат во близина на манастирот. Во периодот на Турското ропство манастирот бил запален. Истиот бил обновен по барање на Поп Костадин од селото Грешница, а за таа цел иницијаторите го испратиле Поп Димитрија во Цариград (Истанбул) за да добие одобрение од султанот за повторна изградба. Со одобрение на султанот, мештаните повторно го подигнале манастирот во 1846 година, а од тој период потекнува голем дел од сегашниот изглед на црквата, како и конакот на југоисточната страна. Конакот на јужната страна е изграден во текот на 20 век, а додека новиот конакт на источната страна бил свечено отворен во текот на 2007 година. Според Републичкиот завод за заштита на спомениците, во манастирот се најдени фрески кои потекнуваат од 11 до 13 век, а со тоа се потврдува првичната претпоставка за староста на манастирот.