СВ.НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ СВЕТИ ЕФРЕМ НОВИ, МАНАСТИР ПАНТОКРАТОР
Ден 1 (17.02. 2023 год.)
Состанок на групата во 16.00час. на Окта Континентал - Скопје, а потоа преку Велес, Прилеп во Битола, од каде се поаѓа за Грција во 19.15 часот, преку граничниот премин Меџитлија.
Ден 2 (18.02. 2023 год.)
Ноќно патување. Утрото се пристигнува во местото Неа Макри, во манастирот посветен на Св.Ефрем Нови, во близина на Атина. Присуство на Св.Божествена Литургија и поклонение на светињите во манастирот. Посета на манастирот Пантократор, покленение на моштите на светите маченици, а од таму се поаѓа за Атина, во Пиреа, од каде со траект се патува за островот Егина. Сместување во хотел. Ноќевање.
Ден 3 (19.02. 2023 год.)
Присуство на Света Божествена Литургија, поклонение на моштите на Свети Нектарие Егински, како и посета на целиот манастирски комплекс (гробот, неговиот дневен престој, негови ракотворби, иконата на Пресвета Богородица пред која ја испеал најубавата химна на Пресветата: “Света Дево владичице, нескверна Богородице, – Радујсја невесто неневесна….’’). Потоа посета на манастирот посветен на Св.Екатерина и на Блажени Јероним.
Попладне, со траект до Пиреа – Атина и патувањето продолжува за Битола – Скопје, со попатни паузи. Пристигнување во Скопје после полноќ.
ЦЕНА на аранжманот 6 500 ден.
Во цената на аранжманот е вклучено:
До мојот пресладок Исус.
“ Ме праша зошто непрестано плачам. Причината, мој Господи, е таа што облеката ми се распаѓа дотаму што и на чевлите ми се појавија дупки. Поради тоа ми излегуваат прстите и многу ме боли, зашто сега е зима и се смрзнувам. Синоќа му се обратив за помош на мојот газда, но тој ме истера надвор. Ми рече да побарам од родителите да ми купат нова облека. Најсладок мој Господи, до сега толку многу работев, а не можев на мајка ми да и испратам ниту еден грош. Што сега да правам и како да работам без облека? Само што ќе ја закрпам облеката, таа пак се кине. Те молам, прости ми што те вознемирувам со своите маки. Ти се клањам и верувам во Тебе.
Твојот верен слуга, Анастасиј. “
СВЕТИ НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ
„Цел на нашиот живот е да биднеме совршени и свети. Да се покажеме чеда Божји и наследници на Царството Небесно. Но, да внимаваме, поради овој живот да не бидеме лишени од идниот. Да не се случи, поради животните грижи и немирот да ја занемариме целта на нашиот живот.“
Св. Нектариј
Свети Нектариј е роден на 1 октомври 1846 година, во Силвира, регионот на Тракија (Грција), како петто од вкупно шест деца во сиромашно семејство. Неговото име било Анастасиос Кафалас. На возраст од 14 години се преселува во Константинопол (Истанбул), каде што почнува да работи за да може да го продолжи образованието. Во 1866 година се преселува на островот Киос, каде што наредните години го надополнува своето образование. Бидејќи беше од сиромашно семејство, кога сакаше да замине од својот дом, немаше пари за да го плати билетот на бродот, а капетанот не сакаше да го пушти да влезе без билет. И неколку дена бродот не можеше воопшто да се помрдне. Дојдоа најдобрите мајстори, но не можеа да откријат зошто бродот не може да исплови. Свети Нектариј целото тоа време седеше спроти бродот нажален, и дури кога капетанот му го фати погледот, сфати зошто бродот не може да тргне. Во моментот кога го пушти свети Нектариј да се качи, во тој час бродот исплови.
Во 1876 година, на возраст од 30 години се замонаши и го доби името Нектариј. Во 1885 година дипломираше на Универзитетот во Атина. За време на своето студирање, напиша многу книги и даде многу свои коментари на Библијата. По дипломирањето, заминува во Александрија, Египет, каде што е ракоположен за јеромонах и служи во црквата во Каиро. Заради неговата побожност и дарба за проповед на Евангелието, во 1889 година е назначен за Митрополит на Пентаполи од Патријархот Софрониј. Остана во Каиро една година, и неправедно и без објаснување беше преместен далеку од Египет, како резултат на клевети и лаги кажани за него.
Во 1891 година се враќа во Грција, и две години служи на Евија. Во 1894 година именуван е за директор на Црковното училиште, каде неговите служби оставаат длабок траг и печат. Напиша многу студии и книги, за сето време додека служеше во Атина. Во 1904 година, на барање на неколку монахињи основа женски манастир на островот Егина. Манастирот го посвети на Света Троица, а изградбата заврши во 1910 година. Исто така, основа и многу цркви и параклиси низ целиот остров.
Во декември 1908 година, на возраст од 62 години, ја напушти функцијата директор, и се пресели во манастирот, каде што остана до крајот на својот живот, во длабоко тихување како монах. Додека се градеше манастирот, секогаш им помагаше на работниците, работејќи заедно со нив. Многу сакаше цвеќиња и дрвја. Се претстави пред Господ на 21 ноември 1920 година (во 22 часот), на 74-годишна возраст. Последните неколку години свети Нектариј боледуваше, и последните денови ги помина во болницата во Атина.
Кога го пренесуваа од Атина во Егина, мирото непрестајно течеше од неговото чело. Сите беа вчудоневидени. Преблагиот мирис најпрвин се разлеа низ целата болница, па потоа и низ цела Егина. Во болницата, кога докторите дојдоа да го пресоблечат, случајно неговата кошула ја фрлија на соседниот кревет на кој лежеше парализиран човек. Во истиот момент кога тој се допре до кошулата на свети Нектариј, се излекува. На неговиот погреб присуствуваше многуброен народ. Пристигнуваа од секаде, за да се допрат до свети Нектариј. За Свететител е прогласен на 20 април 1961 година. Секој 22 ноември мноштво народ доаѓа во манастирот на свети Нектариј за да се поклони на неговите свети мошти.
Тропар
Изданок од Визант и Егина, заштитниче кој си јавен во последните времиња, миленик на вистинската добродетел. Нектарие, те почитуваме ние, верните, како богоугоден исцелител Христов, бидејќи ти точиш секакви исцеленија, на оние кои побожно воскликнуваат: Слава на Христа Кој тебе те прослави, слава на Оној Кој преку тебе дава на сите исцеленија.
Чудо на Свети Ефрем Нови
Исцеление на еден наркоман
Беше пладне, обичен шумен пладневен ден, во центарот на Атина. Луѓето стоеја построени во ред на такси постојката на плоштадот Омони. – До Какука, ве молам! – Со задоволство, – одговорив. Тоа беше целиот разговор, за време на патувањето, бидејќи изгледот и интонацијата од гласот на патникот, не покажувше никакво расположение за разговор. Тој се симна на проспектот Вејка, и буквално на неколку метри потоа, нечија рака ме сопре.Новиот патник имаше околу 25-27 години, со просечна градба, и со куфер во рацете. Го ставив неговиот куфер во багажникот, а тој за тоа време седна на предното седиште. – Каде одиме? До Ифки, ве молам, но не до островот, туку до медицинскиот центар за детоксикација „Ифки“, – прозвучи одговор, што ме збуни на неколку секунди.Одговорот на младиот човек беше за мене целосно неочекуван, бидејќи ништо од неговиот надворешен изглед (очите, гласот, поведението и облеката), не ја навестуваа во него погубната страст од зависност кон дрога. Многу различни чувства (жал, сочувство, симпатија), се сменија во мене, принудувајќи го моето срце да чука силно од загриженост; мене ми беше многу жал за ова Божјо создание, кое западнало во оваа смртоносна стапица. Но се обидов да ги смирам своите чувства, бидејќи сакав да дознаам, на кој начин тој стигнал до таа опасна линија, зошто и јас имам свои деца, кои за кратко ќе станат полнолетни. После краткиот разговор, го запрашав Павле (така се викаше младиот човек), секако, ако тие спомени нема да го вознемират, да ми раскаже за својот живот. Павле со леснотија одговори на моето барање.
– На почеток сакам да кажам, – рече тој, – дека веќе два месеци не употребувам никакви наркотични средства, и се чувствувам себеси како обичен човек. Повеќе немам никаква желба, повторно да го трујам својот организам со тој отров, но таа рамнодушност кон него, јас не ја препишувам на својот труд и напор, туку на чудесното вмешување на Бога, и Неговите светии во мојот живот. Но, јас би сакал тебе да ти раскажам се по ред…
Јас се родив, и до осмата година живеев во Атина, во реонот Кукаки, таму, каде што ти ме качи во таксито. Јас сум единствен син на моите родители, кои патолошки ме сакаат, не мешајќи се во изборот на моите навики и страсти кои сакав да ги правам. Кога наполнив осум години, родителите се преселија во Америка. Таму со помош на роднините добија работа, а мене ме запишаа во школо.
Јас растев, а заедно со мене растеа и моите желби и страсти. Како последица на мојот карактер, многу лесно западнав во лошо друштво и многу рано почнав да употребувам марихуана и хашиш. Поминуваа годините, а мене и другарите од нашата компанија, престанаа да не задоволуваат „лесните“ наркотични средства. Тогаш сите ние со леснотија преминавме на „потешки“, наоѓајќи ги во истата средина, и кај истите дилери. Тие, како што потоа испадна, беа многу поскапи, но бидејќи не работев, почнав да крадам пари од родителите. Дозата се зголемуваше, а родителите почнаа да разбираат што се случува. Имаше случки, кога јас насила земав од нив пари. Бев свесен, дека летам во бездната, но да се вратам во нормалниот живот немав никакви сили. Моите родители се обраќаа за помош кај доктори и психолози, со надеж да ми помогнат, но се беше залудно, никаква искра од светлина немаше во мојот мрачен живот. Некој од психолозите им имаше речено на моите родители, дека ако не успеам да ја оставам таа средина во кој се наоѓам, годините од мојот преостанат живот можам да се избројат на прсти.
Еднаш, кога се наоѓав дома во очајна состојба, ми се јави еден чуден посетител. Ништо слично во својот живот немав видено. Тој беше со среден раст, со округли злобни очи, покриени со долга црна коса. Со рогови и опашка. Имаше груб механички глас, а зборуваше толку дрски и самоуверено, што не оставаше можност да му се спротивставам.
Тој започна во детали да го прераскажува целиот мој живот, од моментот кога се родив сè до тој ден, а јас имав можност само да повторувам по него: „Да… Да…“
– Ете, ти веќе сè имаш испробано, – ми рече на крајот.
Ништо повеќе не ти преостанува, освен да дојдеш кај мене…
Јас збунето го прашав:
– Како да го направам тоа?
– Влези и седни во автомобилот, и со голема брзина вози по автопатот, и на таа и таа кривина од автопатот, јас ќе те чекам.
Таа траса од патот е права до одредено место, a веднаш потоа има остра кривина, и сите кои возат со голема брзина, удираат во оградата од фармата која таму се наоѓа, не можејќи да го сопрат автомобилот. Имав слушано дека на тоа место се случуваат многу несреќи, но сепак постапив како што ми рече. И секако, со полна брзина удрив во оградата. Автомобилот беше многу оштетен, а мене ме извлекоа со мали повреди. После укажаната медицинска помош, се вратив дома.
Околу десет дена подоцна, кога бев дома, повторно ми се јави истиот посетител и ми рече:
– Ти, сепак ништо не успеа.
Јас седев скаменет, и само ова можев да го изговорам:
– Што друго треба да направам?
– Земи тројна доза, од тоа што го употребуваш, и сигурно ќе дојдеш кај мене.
Тој исчезна, а јас не успеав да го прашам, ни кој е тој, ни како успеал да влезе во мојот дом.
Потоа јас веднаш почнав да го исполнувам планот кој ми го предложи. Купив тројна доза, и се обидов да ја взбригам во моите избоцкани вени. Бидејќи дозата беше смртоносна, јас после неколку секунди паднав на подот. Не можам да се сетам, каде бев, и дали воопшто бев жив, но помнам, дека наеднаш видов висок монах во расо, а на неговата скуфија (монашка капа), имаше изобразено црвен крст.
– Не плаши се, – ми рече тој мене, – ќе преживееш. Кога ќе се вратиш во Грција, дојди кај мене дома. Јас се викам Ефрем.
Ги отворив очите и станав, како да не ја имав примено таа смртоносна порција со отров. После тоа, ми се појави желба да се вратам во Грција, а за тоа и кажав на мајка ми. Таа, секако, многу се израдува, бидејќи таа со мојот татко, многупати се обидуваа да ме оттргнат од лошата средина и друштво, и да ме вратат во Грција, но не им успеваше.
И раскажав на мајка ми сè што се случи со мене, и таа посака да ме придружува. Кога стигнавме во Грција, ние отидовме во реонот, каде што порано живеевме, и се обративме кај месниот свештеник, раскажувајќи му за тоа што се случи. Од него дознав, кој беше тој чуден гостин и што сакаше тој од мене. Тоа беше ѓаволот, и тоа што тој го бараше од мене, – беше мојата бесмртна душа.
Му благодарам на Бога од сета длабочина на мојата душа и свеста за спасението од смртта. После исповедта и постот, после неколку недели свештеникот ми допушти да се Причестам. Во храмот на една икона, јас го видов изобразен ликот на светиот преподобномаченик Ефрем Нови и разбрав, дека имено тој ме избави од смртта и од опасната страст.
Потоа отидов во Неа Мори, каде што се подвизувал преподобниот, и таму закажав благодарствен молебен кон светителот. Сега јас одам во Центарот, за да бидам подалеку од светот и да се проверам себеси, дали навистина сум целосно излекуван.

- Патување на наведената релација со високотуристички автобус;
- Едно ноќевање во хотел;
- Патување со траект,
- Патничко осигурување – освен за патници над 65 год. ( информации во агенцијата ),
- Водич и пратител на групата
- Патничко осигурување за лица над 65 год.
- Индивидуални трошоци
- Агенцијата има право за промена на програмата во однос на моменталната состојба
- Напомена:
- - При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште и шамија или марама, а мажите со долги пантолони.
- Напомена: За реализација на турата потребни се минимум 40 патници