• ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • Авионски индивидуални
    • АВИОНСКИ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • ПОКЛОНИЧКИ
  • ЛЕТО 2025
    • ГРЦИЈА
    • АЛБАНИЈА
    • ТУРЦИЈА
    • ЦРНА ГОРА
    • PET FRENDLY
  • ВИЗИ
  • Travel2Macedonia
  • КРСТАРЕЊА
  • Општи услови 2025
  • ПОВЕЌЕДНЕВНИ ТУРИ
  • КОНТАКТ
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • Авионски индивидуални
    • АВИОНСКИ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • ПОКЛОНИЧКИ
  • ЛЕТО 2025
    • ГРЦИЈА
    • АЛБАНИЈА
    • ТУРЦИЈА
    • ЦРНА ГОРА
    • PET FRENDLY
  • ВИЗИ
  • Travel2Macedonia
  • КРСТАРЕЊА
  • Општи услови 2025
  • ПОВЕЌЕДНЕВНИ ТУРИ
  • КОНТАКТ

СРБИЈА – ХРВАТСКА – СЛОВЕНИЈА

​Ден 1. Битола – Белград
Состанок на групата во 23:00 часот на паркингот кај Спортската сала. Поаѓање во 23:15 часот. Ноќно патување, со попатни паузи и царински формалности.
Ден 2. Белград – Нови Сад
Пристигнување во Белград. Средба со локален водич. Разглед на градот: Тврдината Калемегдан, главната пешачка улица "Кнез Михајлова", Куќата на цвеќето... Слободно време за ручек на Скадарлија. Заминување за Нови Сад. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
Ден 3. Нови Сад - Загреб
Појадок. Средба со локален водич и разглед на градот: “Српско Народно Позориште“, плоштадот „Слобода“ на кој се наоѓа катедралната црква „Имена Маријаниног“ – една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змајева", покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани, како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – „Владичански двор“ изграден од првиот епископ, Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква „Свети Великомаченик Геогрије“,  Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Слободно време за индивидуални активности. Заминување за Загреб. Средба со локален водич и разглед на градот: плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
Ден 4. Загреб - Љубљана
Појадок. Заминување за Љубљана. Средба со локален водич и разглед на градот: симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата фонтана или Фонтаната на трите реки - најпозната фонтана од бел мермер. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
Ден 5. Љубљана – Постојна Јама – Битола
Ден 5 Појадок. Одјавување од хотелот. Посета на Постојна Јама. Слободно време за ручек и во попладневните часови поаѓање за Македонија.
 
Цена: 699 евра
 
Во цената е вклучено:
  • 3 ноќевања со појадок во хотели со 3*
  • Автобуски превоз
 
НАПОМЕНИ: 
 - Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поединечни содржини во програмата.
- Деца до 12 години со 2 возрасни имаат 30 % попуст
- За еднокреветна соба се доплаќа 70 евра
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
 - Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- За отказ на резервација важат општите услови на патување.
- За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум три месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. 
 
Proudly powered by Weebly
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • Авионски индивидуални
    • АВИОНСКИ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • ПОКЛОНИЧКИ
  • ЛЕТО 2025
    • ГРЦИЈА
    • АЛБАНИЈА
    • ТУРЦИЈА
    • ЦРНА ГОРА
    • PET FRENDLY
  • ВИЗИ
  • Travel2Macedonia
  • КРСТАРЕЊА
  • Општи услови 2025
  • ПОВЕЌЕДНЕВНИ ТУРИ
  • КОНТАКТ