Сараево - Мостар
31.07.2026 1 ден Состанок на групата во 18.00 часот и заминување за Мостар. Ноќно
патување со попатни паузи и царински формалности.
01.08.2026 2 ден Пристигнување во Мостар и посета на Благај и врело Буне. Потоа
сместување во хотел и разглед на градот со локален водич - Стариот мост, Старата
чаршија, Крива чуприја... Слободно време за индивидуални активности . Ноќевање.
02.08.2026 3 ден Доручек. По доручекот заминување за Сараево со попатна посета на
Коњиц, ( Бункерот на Тито - влезницата не е вклучена во цена и за резервација
задолжителна најава во агенција и уплата) . Пристигнување во Сараево околу пладне.
Сместување во хотел. Потоа средба со локален водич и разглед на Сараево . Слободно
време. Ноќевање.
03.08.2026 4 ден Доручек. По доручекот, одјавување од хотел и слободно време во
Сараево или факултативна посета на Босанските Пирамиди. Босанските пирамиди се
наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од
предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој
вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се
значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино
езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки,
микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува
телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото
побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под
пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација.Околу 12 00 часот
заминување за Вишеград и можност за крстарење по Дрина.
Промо цена: 139 евра
Цена на аранжманот: 159 евра
Цената вклучува:
- Едно ноќевање со доручек во Мостар
- Едно ноќевање со доручек во Сараево
- Разглед на Мостар со локален водич
- Разглед на Сараево со локален водич
- Посета на Коњиц
- Посета на Вишеград
Цената не вклучува:
- Бункерот на Тито 30 евра влезница
- Рафтинг на Неретва 30 евра
- влезница за Концерт на Дино Мерлин ( цена од 25 евра )
- Босански Пирамиди 30 евра
- Крстарење по Дрина 10 евра
- Туристичка такса 2 евра на ден по лице
НАПОМЕНА
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно,
крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена
пред датумот на поаѓање. За реализација на факултативите потребен е минимум број од
20 пријавени.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини
содржини во програмата доколку предвиди дека е потребно.
- Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради
ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени
на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова
реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се
реализира во согласност со општите услови за патување.
- Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во
автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го
прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали
деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено
седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште
(освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
- Патниците самите имаат одговорност за личните и патните документи и нивната