Поклоничко патување на Крф
Св. Спиридон - Св. Царица Теодора
05-06.06.2026
1 Ден 05.06.2026 Состанок на групата во 21:00 часот и заминување за Крф преку г.п. Меџитлија. Попатни паузии царински формалности.
2 Ден 06.06.2026 Пристигнување на пристаништето во Игуменица во раните утрински часови и превоз со траект до островот Крф. Пристигнување на најубавиот остров во Јонското море, кој во христијанскиот свет е познат и како остров на кој почиваат моштите на Св.Спиридон чудотворец и на Св.Царица Теодора. Присуство на Света Божествена Литургија во црквата Св.Спиридон во градот Крф, во која се наоѓаат и моштите на големиот светител и заштитник на островот и поклонение на неговите свети мошти. Потоа посета на Црквата Св.Царица Теодора и Св. Горги. Потоа заминување за Македонија со попатни одмори и царински формалности.
Цена на аранжманот: 3900 денари
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
- превоз на дадената релација ( автобус и брод )
- организација и водство на групата
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА :
- патничко-здравствено осигурување
Можност за плаќање на 2 месечни рати