Сејшели Авантура
План и програма
Планот и програмата важи за следните поаѓања 26. 10. 202612. 11. 20267. 12. 2026
Ден 1: Состанок на патниците и поаѓање
Состанокот на патниците на Меѓународниот аеродром во Скопје. Лет од Скопје до Махе со преседнување во Истанбул.
Превоз
Ден 2: Пристигнување на Сејшели
Летаме од Истанбул за Махе! Пристигнуваме на Сејшели во раните утрински часови. Добредојдовте во тропскиот рај! Организиран трансфер до сместувањето. Слободно време за одмор на плажа. Сејшели се сместени во Индиски океан, околу 1600 километри од источниот брег на Африка. Најголеми острови се Mahe, Praslin и La Digue. Поради положбата меѓу 4-тиот и 10-тиот степен на јужна географска ширина, островите се под тропска клима преку целата година. Прекрасни плажи, нереални бои и природа, тропски растенија и топли локалци.
Превоз
Ден 3: Разгледување на главниот град, Дестилеријата Такамака и Плажата Anse Royale
Разгледување на островот Mahe - Главниот град Викторија, Дестилеријата Такамака, и плажата Anse Royale. Го посетуваме главниот град Викторија, историскиот дел на градот. Шетајќи низ градот, уживаме во шареноликата слика која ја прават камените и дрвени куќи од раниот 20-ти век. Викторија има два главни центри - еден од нив е сместен околу “саат-кулата“ - реплика на Big Ben од Лондон која претствува симбол на Сејшелите. Вториот центар се карактеризира со пазарот Sir Selvin Selvin Clarke, кој е одалечен околу 5 минути пешкиод кулата со часовникот. Пазарот е изградено во 1840-та година, а го добива името по францускиот гувернер кој сам ги изградил штандовите за продажба на роба на локалните земјоделци и рибари. Овој пазар е навистина вреден за посета, поготово во сабота наутро, кога се нуди вистинската кошничка со производи - риба, зачини и егзотично овошје. Освен тоа, тука се наоѓа и кафич во кој можете да седннете и да ги впивате интензивните бои, звукови и мириси од пазарот, додека уживате во појадокот или ужинката. Едно од најпосетените места на Сејшелите и едно од омилените, посебно на фотографите, е шарениот хиндуистички храм кој се наоѓа во непосредна близина на пазарот. Оваа живописна градба во улицата Quincy Street е изградена во 1992-ра година и служи како место за молење на околу 5.000 Хиндуисти кои живеат во Викторија. Патниците кои сакаат, можат да ги соблечат патиките, да ги остават на влезот и да го посетат малиот храм. Продолжуваме до Дестилеријата Такамака, каде ќе се запознаеме со процесот на правење на најпознатиот Сејшелски рум. Остатокот од денот го поминуваме на една од рајските плажи на Сејшели - Anse Royale, каде ќе направиме супер фотографии. Се враќаме во сместувањето. Ноќевање.
СместувањеCoral Strand Smart Choice Hotel 4* или Georgina's Cottage 1 ноќ
Место
Ден 4: Националниот парк Морне, Видиковецот, Еден, Port Glaud Lagoon и плажата Port Launay
Го разгледуваме најголемиот национален парк на Сејшели - Морне, каде уживаме во локалната флора и фауна и одмараме на спектакуларните видиковци на островот. Следната станица ни е Видиковецот Еден од каде се отвора неверојатен поглед на Викторија. Потоа, продолжуваме со посета на некои од најубавите плажи на Махе - Port Glaud Lagoon и Port Launay каде ќе уживаме во зајдисонцето. Враќање во сместувањето. Ноќевање.

Храна
Ден 5: Посета на најубавите плажи на островот - Petite Anse, Anse Soleil и Anse Intendance
Ден резервиран за капење и сончање на најубавите плажи на Сејшели! Првата станица ни е плажата Petite Anse, потоа Anse Soleil, па Anse Intendance. Се сончаме, бањаме и уживаме во локалните јадења и коктели во beach баровите. Се враќаме во сместувањето. Ноќевање.

Ден 6: Факултативен излет - Praslin и La Digue
Денот го започнуваме со утринско крстарење до соседниот остров - Praslin, втор по големина на Сејшели каде прво ќе го посетиме Valle de Mai.
Valle de Mai е “срцето на Praslin” и остаток од првобитните џунгли со палми на Сејшели. Често е опишуван како “рајска градина” благодарение на својата изолирана и мистична природа. Паркот е ставен под заштита уште во далечната 1966 година со преку 1400 стебла од уникатната палма Coco de Mer заради својата локација и уникатност. Во оваа недопрена џунгла, непроменета милиони години може да се пронајдат сите шест ендемски видови на палми од кои најпозната е Coco de Mer. Расте само на островите Praslin и Curieuse. Најстариот примерок е стар околу 300 години, висок e 27м, со совршено исправено стебло и лепезасти листови. Женските стебла произведуваaт плодови во облик на срце и тежат до 25кг. – најголемиот и најтежок плод на светот. Палмата Coco de Mer е денес загрозен вид и се наоѓа на црвена листа бидејќи во изминатите 50 години нејзиниот број се намалил за 30%. Valle de Mai е исто така дом на реткиот вид на папагал – црн папагал. Иако го носи тоа име, не е во потполност црн, туку повеќе кафеаво-сив. Многу се срамежливи и најчесто може само да се слушнат.
По разгледувањето на Praslin, се враќаме на бродот и крстариме кон La Digue. Ако барате опуштена островска атмосфера, со прекрасни плажи, каде ќе бидете во допир со локалниот живот, La Digue е совршено место за вас. Најмалиот од трите главни населени острови, La Digue има население од само 2.000 жители. Без аеродроми, и со само мал број патни возила, ова е исклучително лежерно место со некои од најфасцинантните плажи на Сејшели. Плажите на La Digue се нешто што не треба да се пропушти. Без разлика дали ги сакате долгите сводови на беспрекорен бел песок или убавото крајбрежје, врамено од масивни гранитни карпи, овие плажи го одземаат здивот. На југот на градот, во рамките на L'Union Estate, се наоѓа Anse Source D'Argent - најпознатата плажа на Сејшели. На оваа плажа има и парк каде можеме да видиме музеј, стари мелници за кокос и џиновски желки. Уникатниот спој на кристално чиста вода, бел песок и импресивни гранитни карпи носат вистинско уживање, кое сите долго ќе го паметат. Покрај тоа, тука ќе имаме можност да возиме традиционално камионче и да уживаме во вкусна креолска кујна.

Ден 7: Факултативен излет - Плажата Anse Major
Слободен ден или факултативен излет на плажата Anse Major, една од најубавите плажи на Махе. По излетот, враќање во сместувањето и слободно време. Ноќевање.

Ден 8: Слободен ден или факултативна посета во St. Anne Marine националниот парк
Слободен ден за уживање и одмор. Можност за организација на факултативен излет во St. Anne Marine националниот парк кој претставува преубав мал архипелаг од кој некој од помалите острови се поврзани со песочни спрудови, па може од еден до друг да се помине и пешки. Плажите се подиви и зрачат со неверојатна убавина. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
СместувањеGeorgina's Cottage или Coral Strand Smart Choice Hotel 4* 1 ноќ
Храна
Ден 9: Враќање и крај на патувањето
По појадокот, се одјавуваме од хотелот и имаме организиран трансфер до аеродромот. Лет од Махе до Скопје, со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Скопје и крај на патувањето.
Превоз
Што е вклученоСместувањеCoral Strand Smart Choice Hotel 4 Пример или Georgina's Cottage При
Превоз
Храна7 × Континентален појадок
Останато
Не е вклучено
Факултативни излетиСЕЈШЕЛИ - 10 ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријатаИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА
Praslin и La Digue
Цена: 195,00 EURДенот го започнуваме со утринско крстарење до соседниот остров Праслин (Praslin), втор по големина на Сејшели, каде ќе имаме можност да видиме Коко де Мер, едно од најголемите овошја во светот и симбол на Сејшелите! Расте само на островите Praslin и Curieuse. Најстариот примерок е стар околу 300 години, висок e 27м, со совршено исправено стебло и лепезасти листови. Женските стебла произведуваaт плодови во облик на срце и тежат до 25кг! Палмата Coco de Mer е денес
Плажата Anse Major
Цена: 65,00 EURAnse Major е една од најубавите плажи на Махе. Залив на северот на островот со две прекрасни бели корални плажи и слатководна лагуна. Плажата е мала, но прекрасна, со неколку палми и многу вегетација. Во водата може да влезете било каде долж песочната плажа, а гребенот во близина на плажата е погоден за нуркање. Овде може да видите најразлични видови риби кои се вбројуваат во најживописните видови кои живеат околу Махе. Факултативниот излет ќе се организира во
ST. ANNE MARINE NATIONAL PARK
Цена: 85,00 EURПреубав мал архипелаг кој се наоѓа источно од Махе. Некои од овие острови се поврзани со песочни спрудови кои за време на осеката даваат посебна убавина и можност пешки да шетаме од остров до остров. Плажите се подиви, а локалците ни подготвуваат храна, со што дополнително ни ги “доловуваат“ убавините на овој архипелаг. Ќе имаме прилика да се сретнеме со разноврсен подводен свет, а ќе уживаме и во панорамска разгледување од самиот брод.
Сместување
Georgina's Cottage
Georgina's Cottage е сместувачки објект во Махе, Сејшели. Лоциран на неколку метри од познатата плажа Beau Vallon Beach, објектот е опколен со тропска атмосфера. Собите се двокреветни и располагаат со приватен тоалет, клима уред, фрижидерче, електричен kettle, ТВ со локални канали и бесплатен Wi-Fi.
Coral Strand Smart Choice Hotel 4*
Coral Strand Smart Choice Hotel е сместувачки објект на Сејшели со **** (по локална категоризација) кој располага со двокреветни соби. Хотелот располага со сопствен beach & pool bar, ресторан и плажа.
Корисни информацииОвде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Сејшели1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ:
Главен град: Викторија
Површина: 459 km²
Број на жители: 94.228 (2016.)
Население: најголем дел Французи, Африканци, Индијци и Кинези
Јазик: француски, англиски, креолски
Вероидповед: христијани - римокатолици
Локално време: UTC + 4
Независност: 26.jun 1976.
Валута: сејшелски рупии
2. ВИЗИ:
Виза за Сејшели не е потребна за граѓаните на Република Северна Македонија за туристички престој до 90 дена. Пасошот мора да важи најмалку 6 месеци по враќањето од патот (минимум 2 слободни страници).
3. ВРЕМЕНСКАТА ЗОНА е UTC + 4, односно при пресметување на зимското време разликата помеѓу С. Македонија и Сејшели е 3ч и за време на летото е 2 ч, бидејќи Сејшели не преминува на летно сметање на времето.
4. ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА:
Водата не е за пиење, се користи само флаширана вода и се избегнува мраз. Вода од шише се користи и за миење на забите.
Не е неопходна вакцина за влез во Сејшелите.
Што се однесува до лекови за маларија, не е неопходно да се земаат затоа што во Сејшелите нема маларија, но за ова консултирајте се со Вашиот лекар. Важно е да се знае дека лековите не штитат 100% од маларија и можат да имаат несакани дејства.
Со Вас понесете лекови за редовна терапија доколку ја примате, пробиотик, лекови за намалување на температурата, за болка или лекови што обично ги носите со себе на патување. Исто така, понесете и крема сончање и Аутан.
Препорака е да имате здравствено осигурување. Можете да уплатите здравствено осигурување во агенцијата најдоцна 5 дена пред поаѓање. За цената на осигурувањето, обратете се во агенцијата.
5. БЕЗБЕДНОСТ:
Сејшели е безбедна дестинација, но се препорачува да се чуваат скапоцените работи во сместувањето бидејќи секогаш постои можност за кражба на улиците или плажите.
6. КЛИМА:
Сејшелите имаат слична температура во текот на целата година кога ноќите ретко достигнуваат под 24 степени, а денот ретко надминува 33. Може да очекувате постојана промена на облаците и сонцето, бујно зеленило и влажност затоа што ова е тропска дестинација.
7. ХРАНА:
Кујната на Сејшели настанала под влијание на француската, британската, индиската, африканската и арапската кујна, создавајќи целосно уникатна кујна, каде што најважни намирници се оние што се наоѓаат во нивната околина: морска храна, риба, како и разни тропски овошја и зачини. Особено ѓумбир, кари и чили. Речиси секое јадење има најмалку еден од овие три зачини во себе.
8. ОБЛЕКА:
Од облека треба да понесете летна, полесна гардероба, но задолжително со себе понесете неколку долги ракави и долги панталони, пред се поради авионите, но и можноста за пад на температурата.
9. ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Валутата која во оптек е Сејшелски рупии - SCR.
1ЕУР = 15 SCR, 1 $ = 13 SCR.
Препорачливо е да носите долари со себе бидејќи е најприфатена валута на Сејшелите.
Во подобрите хотели и во главниот град, има банкомати и сите услуги можат да се плаќаат со картички или во странска валута (евра и долари), а истото важи и за изнајмување автомобил. За деталите консултирајте се со вашата банка и не заборавајте да пријавите заминување во странство за да не ви ги блокираат картичките.
10. СТРУЈА, ИНТЕРНЕТ И КОМУНИКАЦИЈА:
Во повеќето случаи, нашите мрежи работат во Сејшели.
Сите сместувања имаат wi-fi.
Во однос на електричната енергија, напонот е ист како нашиот, но потребни Ви се адаптери за приклучок. Влезот е ист како и за Велика Британија (три рамни конектори).
Не можете да набавите адаптери на дестинацијата.
11. СУВЕНИРИ:
Од сувенири препорачуваме: Такамака рум, Coco de mer - морски кокос (многу е важно да имате автентичен сертификат за купување, т.е. да добиете сертификат затоа што од 2017 година е воведен закон кој строго го контролира шверцот од ваков вид, без оригинален сертификат може да завршите во затвор), нешто со мотиви од желка кои се заштитен знак на Сејшели, есенцијални масла, накит од креол и уметнички дела, марами, фустани...
12. ДРУГИ НАПОМЕНИ:
Не ви треба меѓународна возачка дозвола за изнајмување автомобил или мотор во Сејшели.

- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Махе (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од аеродром до сместување

- Сејшели
- Континентален појадок × 1
- СЕЈШЕЛИ - 10 ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА

- Плажата Anse Major
Ден 8: Слободен ден или факултативна посета во St. Anne Marine националниот парк
Слободен ден за уживање и одмор. Можност за организација на факултативен излет во St. Anne Marine националниот парк кој претставува преубав мал архипелаг од кој некој од помалите острови се поврзани со песочни спрудови, па може од еден до друг да се помине и пешки. Плажите се подиви и зрачат со неверојатна убавина. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
СместувањеGeorgina's Cottage или Coral Strand Smart Choice Hotel 4* 1 ноќ
Храна
- Континентален појадок × 1
- ST. ANNE MARINE NATIONAL PARK
Ден 9: Враќање и крај на патувањето
По појадокот, се одјавуваме од хотелот и имаме организиран трансфер до аеродромот. Лет од Махе до Скопје, со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Скопје и крај на патувањето.
Превоз
- Трансфер од сместување до аеродром
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Махе - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Сејшели
- Истанбул
- Скопје
- Континентален појадок × 1
Што е вклученоСместувањеCoral Strand Smart Choice Hotel 4 Пример или Georgina's Cottage При
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Махе (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од аеродром до сместување
- Трансфер од сместување до аеродром
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Махе - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна7 × Континентален појадок
Останато
- Пакет од 10 факултативи/активности на Сејшели
Не е вклучено
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
- Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
- Авторизација за влез на Сејшели (10 ЕУР)
- Туристичка такса за Сејшели која изнесува 5€ (за Divers Lodge) или 7€ (за Coral Strand Hotel/Savoy) од ноќевање/по лице.
Факултативни излетиСЕЈШЕЛИ - 10 ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријатаИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА
- Посета на главниот град Махе (Mahe) - Victoria City Tour
- ПОСЕТА НА ТАКАМАКА - ДЕСТИЛЕРИЈАТА ЗА РУМ
- ВИДИКОВЕЦОТ ЕДЕН
- НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК МОРНЕ
- Port Glaud Лагуната
- Плажата Port Launay
- Плажата Petite Anse