• ПОЧЕТНА
  • ЗИМА 2026/2027
  • ПАТУВАЊА
    • ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД
    • 11 ОКТОМВРИ
    • 23 ОКТОМВРИ
    • НОЕМВРИ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
    • Авионски индивидуални
  • ПОКЛОНИЧКИ
    • ЗАПАДНА СРБИЈА
    • КЕФАЛОНИЈА 15.08.2026
    • ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ИСТАНБУЛ
    • ДОБРУН И САРАЕВО
  • ВИЗИ
  • Travel2Balkan
  • Општи услови 2026
  • ПЛАНИНСКИ ТУРИ
  • КОНТАКТ
  • Сместување Македонија
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ЗИМА 2026/2027
  • ПАТУВАЊА
    • ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД
    • 11 ОКТОМВРИ
    • 23 ОКТОМВРИ
    • НОЕМВРИ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
    • Авионски индивидуални
  • ПОКЛОНИЧКИ
    • ЗАПАДНА СРБИЈА
    • КЕФАЛОНИЈА 15.08.2026
    • ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ИСТАНБУЛ
    • ДОБРУН И САРАЕВО
  • ВИЗИ
  • Travel2Balkan
  • Општи услови 2026
  • ПЛАНИНСКИ ТУРИ
  • КОНТАКТ
  • Сместување Македонија

​Тајланд Бангкок и Пукет

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 9. 10. 202621. 10. 202610. 3. 2027
Ден 1: Состанок на патниците и поаѓање
Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Лет од Скопје до Бангкок со Turkish Airlines, со преседнување во Истанбул. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!
 Превоз
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж


Ден 2: Пристигнување во Бангкок
Пристигнување во Бангкок (Bangkok) во попладневните часови. Трансфер до сместувањето. Слободно време за истражување на Бангкок.  Ноќевање. 
 Превоз
  • Авиобилет со сите такси на релација Истанбул - Бангкок (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
 СместувањеTwin Towers Hotel 1 ноќ


Ден 3: Факултативен излет: Пловечки пазар и Train Market
Факултативен излет – Маеклонг пазарот на железничка пруга (Maeklong Train Market) и Пловечкиот пазар (Floating market). Го посетуваме Маеклонг пазарот токму на време да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите брзо ги подигаат тезгите и тргаат сè што спречува да помине возот. Потоа возот заминува, а ние разгледуваме и купуваме најразлични овошја, зеленчук, цвеќиња… Зад не толку познатото име Дамноен Садуак стои една од најпознатите атракции на Тајланд - пловечкиот пазар. Околу 100 километри југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место низ кое поминуваат канали изградени уште во XVIII-тиот век. Во духот на старите тајландски земјоделци, бродчињата се движат низ зеленкастата вода и полека се приближуваат со своите разнолики понуди. Бабички со сламени шешири со широка насмевка нудат најразлични јадења, слатки и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотици години. Ноќевање.
 СместувањеTwin Towers Hotel 1 ноќ

 Храна
  • Континентален појадок × 1
 Факултативни излети
  • Пловечки пазар и Train Market 

Ден 4: Check out и Факултативен излет - Bangkok City Tour
По појадокот се одјавуваме од нашиот хотел во бангког и започнуваме со факултативен излет и истражување на оваа фасцинантна престолнина. Ја посетуваме Кралската палата, чија изградба започнала во 1782-ра година, за време на владеењето на кралот Рама I, основач на династијата Чакри, која потоа станала резиденција на кралот. Во палатата е сместен и Храмот на Емералд Буда, најголемото светилиште на Тајланд, статуа на Буда која е врежана во зелен жад. Го посетуваме Храмот на Зората (Wat Arun), Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho) со огромна статуа во должина од 46 метри и висина 15 метри, која го претставува преминот на Буда во Нирвана.
По завршување на излетот трансфер до аеродромот и лет за Пукет (Phuket). По пристигнувањето, трансфер до сместувањето. Пукет е најголемиот и најпознат тајландски остров. Капењето, масажите, преубавите плажи, белиот песок, тиркизното топло море, феноменалните зајдисонца и островите кои се во непосредна близина, ќе направат да се чувствувате како во рајот. Време резервирано исклучиво за уживање! Несекојдневен ноќен живот и сцени како од најлудите филмови! 
 Превоз
  • Трансфер од сместувањето до аеродромот
  • Авиобилет со сите такси на релација Бангкок - Пукет во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродромот до сместувањето
 СместувањеNipa Resort 1 ноќ

 Храна
  • Континентален појадок × 1
 Факултативни излети
  • Bangkok City tour 

Ден 5: Факултативен излет - Разгледување на Пукет
Слободен ден или Факултативен излет разгледување на градот Пукет (Phuket town). Стариот дел е главно обележје на градот Пукет. Во овој дел на може да се видат светилишта, храмови (будистички и кинески), украсени и добро сочувани продавници, интересни кафулиња и ресторани, но и разни музеи, па дури и мала улица на црвените фенери. Со оглед на тоа дека островот Пукет е богат со извори на калај, тој низ историјата бил многу интересен за многу морепловци. Од тој период останале импресивни кинеско - колонијални палати. Тука е и локалниот маркет кој ќе го посетиме и на кој може да се најде за секого по нешто.
 СместувањеNipa Resort 1 ноќ
   Храна
  • Континентален појадок × 1
 Факултативни излети
  • Разгледување на градот Пукет 

Ден 6: Факултативен излет - Островот Пи Пи (Koh Phi Phi)
Факултативен излет на островот Пи Пи (Koh Phi Phi) каде е сниман филмот “The Beach”. Егзотични пејсажи кои потполно ќе ве остават без здив. Ноќевање.
 СместувањеNipa Resort 1 ноќ
 Место
  • Пукет
 Храна
  • Континентален појадок × 1
 Факултативни излети
  • Островите Пи Пи (Koh Phi Phi), Maya Bay и Коh Khai 

Ден 7: Факултативен излет - Островот Џејмс Бонд
Факултативен излет на Џејмс Бонд островот (James Bond Island). Ова островче е дел од архипелагот на помали варовнички острови – карпи, кои се издигнуваат од морето и во кои се скриени пештери богати со сталактити и сталагмити. После ова неверојатно искуство се враќаме кон сместувањето и уживаме во остатокот на вечерта. Ноќевање.
 СместувањеNipa Resort 1 ноќ
 Место
  • Пукет
 Храна
  • Континентален појадок × 1
 Факултативни излети
  • James Bond островот и Нака Јаи 

Ден 8: Факултативен излет - Similan Islands
Одиме на целодневна авантура на чудесниот архипелаг во Андаманското Море.. Главниот дел од архипелагот се состои од 9 острови, а ние ќе посетиме 2 или 3. Островот 1, Кох Ху Јонг, е познат по своите неверојатни карпести формации кои се протегаат од врвот на ридот до плажата и морето. Често Симилските острови се споредуваат со Сејшели заради ови карпи и чиста тиркизна вода. Погледот од карпите е прекрасен - кристално чиста тиркизна вода во необично убав залив. Пред нас е ден исполнет со прекрасни корали, корални гребени каде што ќе нуркаме, а околу нас често пливаат желки. Вечерта се враќаме во сместувањето. Ноќевање.
 СместувањеNipa Resort 1 ноќ
 Место
  • Пукет
 Храна
  • Континентален појадок × 1
 Факултативни излети
  • Similan Islands 

Ден 9: Факултативен излет -- Капење со слонови и плажата Naiharn
Ден за авантура! Едно од најубавите и најзабавните искуства во животот! Се капеме, уживаме и си играме со слончињата. Ќе поминеме време со слоновите во вода или на плажа или и двете. Тоа е прекрасно искуство за создавање спомени кои никогаш нема да ги заборавите! Денот го продолжуваме на една од најубавите плажи на Пукет – Naiharn! Ноќевање.
 СместувањеNipa Resort 1 ноќ

 Храна
  • Континентален појадок × 1
 Факултативни излети
  • Капење со слонови и плажата Naiharn 

Ден 10: Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром
По појадок, го напуштаме нашето сместување во Пукет. Трансфер до аеродром. Лет од Пукет до Истанбул. 
 Превоз
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Пукет - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
    Храна
  • Континентален појадок × 1

Ден 11: Враќање и крај на патувањето
Во раните утрински часови слетуваме на аеродромот во Скопје, крај на нашата авантура.
 Превоз
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж


Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.
Што е вклученоСместувањеTwin Towers Hotel Пример  2 ноќи
Nipa Resort Пример  6 ноќи


Регуларна цена
1.799,00 EUR
ПОСЛЕДНИ МЕСТА! Попустот важи за следните 4 пријави!
1.649,00 
EUR

Превоз
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Истанбул - Бангкок (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродромот
  • Авиобилет со сите такси на релација Бангкок - Пукет во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродромот до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Пукет - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна8 × Континентален појадокНе е вклучено
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Тајланд со еден влез и услуга за визирање, која изнесува 80€.
Факултативни излети
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Пловечки пазар и Train Market***ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ***

Поаѓање во утринските часови. Пристигнуваме на Train market точно навреме да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите набрзина ги подигнуваат тендите и тргнуваат настрана сè што му попречува на возот. Сите со брз чекор ги ослободуваат шините за непречено поминување на возот. Се слуша гласна сирена како сигнал и сите возбудено стоиме и чекаме. Возот надоаѓа, им одмавнуваме со рака на патниците во возот, како и тие нам. Штом помине возот, го разгледуваме пазарот и купуваме!
Потоа одиме кон пловечкиот пазар “Damnoen Saduak“. Позади не толку познатиот назив “Damnoen Saduak“ стои еден од најпознатите обележја на Тајланд - пловечкиот пазар! На околу 100 км југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место пресечено со канали изградени уште во 18-от век. Во духот на старите тајландски земјоделци, тргнувајќи со чамци низ зеленкастата вода, полека се приближуваат трговци со разнолики понуди. Старици со сламени шешири со насмевка нудат најразлични јадења, десерти и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотина години. По пловењето со чамци ќе имаме малку слободно време да прошетаме и по копнениот дел на пазарот. Враќање назад во сместувањето во попладневните часови.
Вклучено: преставник од агенцијата, локален водич, организиран превоз по предвидената агенда, возење со чамец, влезници за сите локалитети.



Picture
​Bangkok City tour
Цена: 75,00 EUR
На овој излет ќе имате прилика да ги видите сите најважни и најубави знаменитости на Бангкок и да се запознаете со оваа фасцинантна престолнина! Поаѓаме од хотелот во утринските часови и трансфер до Кралската палата (Grand Palace) и храмот на смарагдниот буда (Wat Phra Kaew). Кралската палата претставува најголема туристичка атракција во Бангкок. Кратка прошетка до следниот локалитет - Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho). Овој храм се наоѓа веднаш до Кралската палата, а е еден од најстарите и најголеми храмови во Бангкок со површина од 8 хектари. Во Wat Pho можете да видите преку 1000 прикажувања на Буда! Сепак, најголемата атракција е статуата “Лежечки Буда“ по која целиот комплекс го носи името. Статуата е долга 46 метри и висока 15 метри, а го претставува Буда во состојба на нирвана, на крајот на своите реинкарнации. Wat Pho е исто така познат по своето традиционално училиште за Тајландска масажа. Кратка прошетка до реката и преоѓање на другата страна со бротче, до Храмот на зорите (Wat Arun). Овој храм е еден од најпознатите симболи на целиот Тајланд. 
Во цената на излетот е вклучено:
  • Влезници за Grand Palace и Wat Phra Kaew
  • Влезница за Wat Pho
  • Влезница за Wat Arun
  • Стручен лиценциран водич на англиски јазик за време на целиот излет
  • Организиран превоз по предвидениот план и програма
*За овој излет е потребно да понесете гардероба прикладна за влез и посета на будистички храм.
Picture
​Разгледување на градот Пукет
Цена: од 30,00 EUR до 50,00 EUR
Слободен ден или можност за факултативен излет разгледување на градот Пукет (Phuket town). Стариот дел е главно обележје на градот Пукет. Во овој дел на може да се видат светилишта, храмови (будистички и кинески), украсени и добро сочувани продавници, интересни кафулиња и ресторани, но и разни музеи, па дури и мала улица на црвените фенери. Со оглед на тоа дека островот Пукет е богат со извори на калај, тој низ историјата бил многу интересен за многу морепловци. Од тој период останале импресивни кинеско - колонијални палати. Тука е и локалниот маркет кој ќе го посетиме и на кој може да се најде за секого по нешто.
Picture
​Островите Пи Пи (Koh Phi Phi), Maya Bay и Коh Khai
Цена: 50,00 EUR
Поаѓање во утринските часови и трасфер до пристаништето. Пристигнуваме на архипелагот на островот Пи Пи, каде е сниман филмот “The Beach”. Го посетуваме заливот Маја (Maya bay), дијамант и симбол на овие острови и застануваме да ја видиме Пилеј лагуната (Pileh lagoon). Уживаме во капењето и тиркизното море. Поминуваме покрај Викингшката пештера (Viking cave) и слушаме приказни за древните пирати. Пристигнуваме на плажата на мајмуните (Monkey beach) каде постои можност да храниме мајмуни. Слободното време го користиме за нуркање во прекрасната тиркизна вода и пливање со рипчињата со необични бои. Пауза за ручек на Пи Пи Дон (Phi Phi Don). За крај го оставаме островот Каи (Koh Khai), хипи оаза, каде ќе се опуштиме со освежителни коктели и звукови на реге музика. Враќање во сместувањето во попладневните часови. 
Во цената на излетот е вклучено: повратен трансфер до пристаништето, возење со брод, ручек без конзумација на пијалок, маска за нуркање, влезница за национален парк Maya bay, претставник од агенцијата, локален водич.
Picture
​James Bond островот и Нака Јаи
Цена: 55,00 EUR
Поаѓање во утринските часови и трансфер до пристаништето. Закуска и кафе додека добиваме вовед за претстојниот ден од локалниот водич. Одиме на Џејмс Бонд авантура со брод! Најпрво го посетуваме островот Панак (Panak), каде што со кану ќе започнеме да ја истражувате пештерата и ќе уживаме во убавината на заливот!
Продолжуваме до островот Џејмс Бонд или Као Тапу и Као Финг Кан. Овој мал остров т.е. карпа, станал популарен во 1974 година кога е снимен филмот ,,Човекот со златниот пиштол’’ James Bond 007.
Оттаму одиме на островот Панје (Koh Panyee) каде одмораме и ручаме, а по ручекот го истражуваме селото (Panyee Floating Village), традиционално пловечко село каде ќе прошетаме и ќе видиме како живеат локалците среде море.
Го посетуваме и островот Нака познат по својата прекрасна плажа со бел песок каде совршено ќе ни заврши оваа авантура. Од островот Нака, се враќаме во пристаништето во Пукет и трансфер назад до хотелот.
Во цената на излетот е вклучено: трансфер од хотелот до пристаништето и назад, возење со speed boat, возење со кану, ручек без вклучени пијалоци, преставник од агенцијата, локален водич.
Picture
​Similan Islands
Цена: 90,00 EUR
 Similan Islands се можеби најимпресивната група на острови што можете да ја посетите од Пукет! Одиме на целодневна авантура на чудесниот архипелаг во Андаманското Море.. Главниот дел од архипелагот се состои од 9 острови, а ние ќе посетиме 2 или 3. Островот 1, Кох Ху Јонг, е познат по своите неверојатни карпести формации кои се протегаат од врвот на ридот до плажата и морето. Често Симилските острови се споредуваат со Сејшели заради ови карпи и чиста тиркизна вода. Погледот од карпите е прекрасен - кристално чиста тиркизна вода во необично убав залив. Пред нас е ден исполнет со прекрасни корали, корални гребени каде што ќе нуркаме, а околу нас често пливаат желки. Во цената е вклучено: превоз, ручек, опрема за нуркање. 
Picture
Капење со слонови и плажата Naiharn
Цена: 60,00 EURЕдно од најзабавните и најинтерактивните искуства поминати со овие нежни џинови! Авантура која никогаш нема да ја заборавиме! Си играме со слончињата, ги галиме, ги бањаме и уживаме во прекрасната плажа и живописна природа! Денот го продолжуваме на една од најубавите плажи на Пукет – Naiharn!
​Сместување
Twin Towers Hotel е хотел со 4* (по локална категоризација) во Бангкок, Тајланд. Twin Towers Hotel е лоциран на еден од најинтересните и најдинамичните делови на Бангкок. Познат по својот ноќен живот со забавни хипи барови, ресторани, кафулиња. Хотелот располага со двокреветни или трокреветни соби. Секоја соба има сеф, клима уред, телевизор, интернет и сопствен тоалет. 

Nipa Resort е сместувачки објект со 4* по локална категоризација. Лоциран на 600 метри од Patong Beach, ресортот располага со базен, ресторан, спа центар, бар, фитнес центар. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет, пешкири, фен, телевизор, клима уред.

Услугата е на база ноќевање со појадок.
Proudly powered by Weebly
  • ПОЧЕТНА
  • ЗИМА 2026/2027
  • ПАТУВАЊА
    • ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД
    • 11 ОКТОМВРИ
    • 23 ОКТОМВРИ
    • НОЕМВРИ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
    • Авионски индивидуални
  • ПОКЛОНИЧКИ
    • ЗАПАДНА СРБИЈА
    • КЕФАЛОНИЈА 15.08.2026
    • ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ИСТАНБУЛ
    • ДОБРУН И САРАЕВО
  • ВИЗИ
  • Travel2Balkan
  • Општи услови 2026
  • ПЛАНИНСКИ ТУРИ
  • КОНТАКТ
  • Сместување Македонија