ШПАНИЈА | КОСТА БРАВА | БАРСЕЛОНА
25.04.2026 – 02.05.2026 |7 ноќи - 8 дена | Полу Пансион | Групно патување Авионска програма со директен лет од Скопје ✈
Сместена северно од прекрасната Барселона, Коста Брава е една од најпосакуваните и најпосетувани туристички региони за одмор во Шпанија. Со своите златни песочни плажи, скриени заливи со тиркизно сини води, шармантни и опуштени крајбрежни села, како и со свежата медитеранска кујна, оваа област нуди совршена комбинација од релаксација и забава. Градчињата Калеља, Пињеда де Мар, Санта Сузана, Малграт Де Мар, Бланес, живописниот и секогаш забавен Лорет де Мар се меѓу најпопуларните одморалишта во овој дел од Шпанија, познати по својата топла гостопримливост, модерни хотели и активности за сите возрасти. Долгите прошетки покрај морето, извонредната гастрономска понуда и богатата културна историја се само дел од она што ја прави Коста Брава посебна. Дополнителен бонус е близината на каталонската убавица Барселона – само на кратко растојание, на помалку од 1 час возење со директен воз можете да го истражите овој космополитски град, познат по архитектонските ремекдела на Гауди, богатата уметничка сцена и динамичниот ноќен живот. Возовоите од летувалиштата во Коста Брава се обраќаат кон Барселона во текот на целиот ден, со што овозможуваат лесна и евтина достапност на овој град со непроценливо архитектонско, уметничко и културолошко богатство. Во овој регион се наоѓаат и места кои посебно би ги издвоиле заради нивното значење. Жирона кој е еден од најстарите градови на Каталонија со прекрасен Еврејски кварт; Фигерас - родното место на легендарниот Салвадор Дали, а денес дом на музејот со негови неверојатни уметнички дела. Без разлика дали барате мирен одмор со семејството или авантура со пријателите, Коста Брава е дестинација која ги исполнува сите очекувања. Откријте ја убавината на каталонското крајбрежје и создадете незаборавни спомени!
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
1 ДЕН. ( 25.04.2026 - САБОТА ) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред поставеното време за лет. Директен лет за Барселона во 18:00 часот со авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување во Барселона во 20:50 часот по локално време. Трансфер до хотел во некое од туристичките места на Коста Брава, превземање на собите. Вечера. Ноќевање.
2 ДЕН. ( 26.04.2026 - НЕДЕЛА ) КОСТА БРАВА Појадок. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности. Можност да се запознаете со опкружувањето на хотелот и местото во кое се наоѓа. Вечера во хотел. Ноќевање.
3 ДЕН. ( 27.04.2026 - ПОНЕДЕЛНИК) КОСТА БРАВА - БАРСЕЛОНА Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневен излет и разглед на Барселона со превоз и локален водич. Разгледот започнува со панорамско запознавање со градот: булеварот Дијагонал, главната артерија што ја дели Барселона на источен и западен дел; Плоштад Каталонија, динамичната средишна точка каде што се спојуваат стариот и новиот дел од градот во чие продолжение се протега прочуената и секогаш живописна Ла Рамбла; споменикот на Колумбо, симболичната точка на неговото враќање од Новиот свет; модерното Олимписко пристаниште; импресивниот Плоштад Шпанија со Конгресниот центар; како и Националната галерија на Каталонската уметност, од каде се открива еден од најубавите погледи кон градот. Ќе го видиме и крајбрежниот дел со познатата плажа Барселонета, како и величествената Триумфална капија. Следува слободно време за индивидуални прошетки низ познатиот Готски кварт и Ла Рамбла, со можност за посета на шарениот пазар Mercat de la Boqueria. Во договорено време, трансфер назад до хотелот. Вечера и ноќевање.
4 ДЕН. ( 28.04.2026 - ВТОРНИК ) КОСТА БРАВА – ЖИРОНА – ФИГУЕРЕС Појадок. Факултативен целодневен излет со посета на Girona и Figueres. Жирона е еден од најубавите градови во северна Каталонија, сместен покрај реката Onyar, познат по својата прекрасно зачувана средновековна архитектура. Старото градско јадро Barri Vell плени со тесни улички, камени куќи и историски споменици, меѓу кои и античката римска тврдина Força Vella. Градот носи препознатливи траги од Римјаните, Арапите и Евреите, создавајќи уникатна културна мешавина. Готската катедрала во Жирона, со најширокиот готски свод во Европа, е една од најпрепознатливите локации од култната серија Game of Thrones, што ѝ додава дополнителна магија и популарност. Патувањето продолжува кон живописниот Фигуерес, родниот град на Салвадор Дали. Посета на легендарниот Театармузеј Дали, сместен во поранешната семејна палата на уметникот – музеј кој самиот Дали го креирал како живо уметничко дело. Просториите, изложбите и необичните инсталации ја отсликуваат неговата имагинација и генијална ексцентричност. Враќање во Коста Брава во вечерните часови. Вечера и ноќевање.
5 ДЕН. ( 29.04.2026 - СРЕДА ) КОСТА БРАВА – МОНСЕРАТ Појадок. Поаѓање на факултативен целодневен излет кон спектакуларната Монсерат – едно од најсветите, највпечатливи и најпосетувани места во цела Каталонија. Монсерат, чие име значи „назабена планина“, е уникатен природен феномен обликуван низ милиони години ерозија, со камени врвови во форма на игли што создаваат драматичен пејзаж. На над 700 метри надморска височина се издига прочуениот Бенедиктински манастир, духовно срце на Каталонија, посветен на Црната Мадона (La Moreneta) – заштитничка на регионот. За време на посетата ќе ја дознаете историјата за светата пештера каде според легендата било забележано појавувањето на Дева Марија, ќе ја почувствувате монашката тишина и ќе уживате во погледите кои го одземаат здивот. Монсерат е познат и по својот светски признат детски хор, еден од најстарите во Европа, чии изведби се вистинско духовно доживување. Во слободното време можете да уживате во прошетка по планинските патеки, да посетите обележани видиковци или да го истражите манастирскиот комплекс. Враќање во хотел, вечера и ноќевање
6 ДЕН. ( 30.04.2026 - ЧЕТВРТОК ) КОСТА БРАВА – БАРСЕЛОНА Појадок. Поаѓање на факултативен излет посветен на најголемиот архитектонски визионер на Каталонија – Антони Гауди. Ова е патување низ неговиот уникатен свет на форми, бои и симболика, кои денес ја претставуваат душата на Барселона. Првата станица е магичниот Park Güell, ремек-дело вклучено во листата на светско наследство на УНЕСКО. Овој комплекс е вистински мозаик од природни линии, структури инспирирани од органски форми, впечатливи мозаични украси и панорамски погледи кон градот. Гауди го замислил како хармонична симбиоза меѓу архитектура и природа — место кое и денес плени со фантазија и оригиналност. Следува посета на познатата La Pedrera (Casa Milà) – една од највлијателните градби на модернизмот. Со своите брановидни фасади, скулптурални тераси и необични димници, оваа зграда претставува „жив организам“, целосно ослободен од прави линии. Внатрешноста е подеднакво импресивна, со уникатни решенија што го дефинираат Гауди како гениј пред своето време. Кулминацијата на денот е монументалната Sagrada Familia, најголемата недовршена католичка црква во светот и најпрепознатливиот симбол на Барселона. Нејзината изградба започнала во 1882 година, а Гауди целосно ѝ се посветил создавајќи архитектонски универзум исполнет со христијанска симболика, природни мотиви и драматична вертикалност. Посетата овозможува единствен поглед на фасадите, внатрешноста и деталите кои ја прават оваа црква едно од најимпресивните дела во историјата на архитектурата. По завршувањето на разгледот, враќање кон хотелот. Вечера и ноќевање.
7 ДЕН. ( 01.05.2026 - ПЕТОК ) КОСТА БРАВА Појадок. Слободно време за индивидуални активности, уживање на крајбрежјето во Коста Брава или предлог, поаѓање со воз и прошетка до некој од соседните градови во Коста Брава. Предлог факултативен излет во вечерните часови, целовечерна Шпанска вечер проследена со многу забава, храна, пијалоци и Фламенко шоу. Ноќевање
8 ДЕН. ( 02.05.2026 - САБОТА ) БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ Појадок. Одјавување од собите според хотелските правила. Слободно време до трансферот од хотел до аеродромот во Барселона. Лет од Барселона до Скопје со Wizz Air во 21:35 часот, пристигнување во Скопје ноќта во 00:20 часот.

Во цената е вклучено:
• Авионски превоз на релација Скопје – Барселона – Скопје, со Wizz Air.
• Аеродромски такси, 1 парче мал рачен багаж (40 х 30 х 20 цм).
• 7 ноќевања на база ПОЛУ ПАНСИОН (појадок и вечера – вклучени вода / вино за вечера) во хотел со 4* .
• Организирани трансфери од Аеродром до хотел и обратно.
• Целодневен разглед на Барселона со локален водич.
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Во цената не е вклучено:
• Патничко здравствено осигурување.
• Чекиран багаж и/или “Wizz Priority”(информации во агенција).
• Туристичка такса – 10,5 eur / 650 денари по лице (се плаќа во агенција)
• Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
• Факултативни посети, излети и влезници (Пријавување во агенција)
Факултативни Излети:
• Целодневен излет Girona & Figueres со локален водич и превоз – 100 eur (влезница за музејот на Дали – 25eur).
• Целодневен излет Montserrat со локален водич и превоз – 100 eur (влезница за Montserrat – 20 eur).
• La Masia Dinner + ФЛАМЕНКО ШОУ И ЗАБАВА со вклучен превоз _______ eur
• Целодневен излет Делата на Гауди со влезница, превоз и локален водич за PARK GUELL – 110 eur. Влезница за Sagrada Familia со локален водич – 35 eur Влезница за La Pedrera Casa Mila, со локален водич – 35 eur → ПАКЕТ ЦЕНА за Делата на Гауди со влезници за Sagrada Familia & La Pedrera Casa Mila – 170 eur
*** Факултативните излети се калкулирани на најмалку 20 пријавени патници и валидни се во моментот на објавување на програмата. Поради можната променливост на цените, ве молиме истите проверете ги со вашиот агент повторно пред поаѓање.
Важни забелешки:
Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на истиот.
За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманоти копија од пасош.
• Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на вклучени или факултативни разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети или аеродромските такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, за помалку пријавени патници цената може да биде соодветно корегирана.
• Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција пред поаѓање.
• Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.