СРБИЈА-ХРВАТСКА-СЛОВЕНИЈА-БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА-ЦРНА ГОРА
14-22.07.2024
1 ДЕН 14.07.2024 Состанок на групата во 23:30 часот. Поаѓање од Битола за Белград, преку граничниот премин „Табановце“.
2 ден 15.07.2024 Стигнување на Белград во утринските часови. Посета на најголемата црква „Свети Сава“, гробот на Јосип Броз Тито, тврдината Калемегдан и главната пешачка улица „Кнез Михаилова“. Свечена вечера во боемската улица Скадарлија со жива музика. Ноќевање.
3 ДЕН 16.07.2024 Појадок. Од Белград поаѓање за Хрватска и во пладневните часови пристигнување во Загреб. Прошетка низ Загреб со локален водич и разглед на плоштадот „Бан Јелачиќ“ и другите културни и историски знаменитости во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
4 ДЕН 17.07.2024 Појадок. Од Загреб заминување за Словенија. Во претпладневните часови пристигнување во Љубљана и разглед не центарот на градот со локален водич. Слободно време за ручек и индивидуални активности. Во превечерните часови пристигнување во Крањ. Сместување во хотел. Ноќевање.
5 ДЕН 18.07.2024 Појадок. Во утринските часови заминување за Блед и посета на Бледското Езеро. Слободно време за ручек во Блед. Во попладневните часови заминување за Постојнската Пештера - најпознатата пештера во светот. Во предвечерните часови заминување за Ријека во јадранскиот брег на Хрватска. Сместување во хотел. Ноќевање.
6 ДЕН 19.07.2024 Појадок. Во утринските часови поаѓање за националниот парк Плитвички Езера и пешачка прошетка на неколку езера. Оттаму во попладневните часови заминување за Босна и Херцеговина. Во предвечерните часови пристигнување во градот Јајце. Сместување во хотел. Ноќевање.
7 ДЕН 20.07.2024 Појадок. Во утринските часови преку Травник заминување за Сараево и посета на стариот дел на градот, надалеку популарната Баш-чаршија. Слободно време. Потоа заминување за Мостар. Сместување во хотел. Ноќевање.
8 ДЕН 21.07.2024 Појадок. Во утринските часови заминување за Хрватска и посета на еден од најпопуларните градови на јадранскиот брег на Хрватска - Дубровник. Разглед на тврдината и стариот дел на градот. Во попладнените часови заминување за Црна Гора и преку Бока Которскиот Залив пристигнување во Будва. Сметување во хотел. Ноќевање.
09 ДЕН 22.07.2024 Појадок. Во попладневите часови поаѓање за Македонија со попатни паузи и царински формалности.
Цена на арнажманот : 57660 денари (по лице во двокреветна и трокреветна соба)
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
- Превоз на дадената релација
- 7 ноќевања со вечера и доручек во хотели со 3 и 4 *****
- Туристичка такса за сите земји
- Влезници
- Лиценциран придружник за време на целото патување
- Локални водичи
НАПОМЕНИ:
-Цената е по лице во двокреветна или трокреветна соба
-за единечна соба се доплака
-За Маcedonia Timeless - 1750.oo мкд
- останатите 65 евра ( во денарска противредност)
-Деца до 12 години имаат попуст од 20 %
- Две деца до 12 години плаќаат како едно возрасно лице (односно имаат 50% попуст по дете)
-За патниците со македонски пасош важноста на пасошот треба да биде со валидност од 180 дена од денот на излез од Турција, за сите останати земји важноста на пасошот
треба да биде со важност од 30-90 дена од денот на излез од земјата
-Секој патник е одговорен за важноста и исправноста на документите
-Т.А. Караџа Турс - организатор на патувањата е должна да ги извести патниците или субагентите за промени во време , место на поаѓање или евентуална промена на датум на патување најмалку 5 дена пред поаѓање
-При резервација е потребна уплата од 30% од вредноста на аранжманот
- Доколку патникот откажи 10 дена пред поаќање нема право на повраток на средства
-доколку плаќате со платежна картичка цената се зголемува за 3,2%