ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ И
ЛЕТИ ТУРС КАРАЏА 2007
СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).
ПРИЈАВА-ДОГОВОР И УПЛАТА Пријава-договор за патување се прави до пополнување на местата, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна програма. Пријави можат да се извршат во агенциите на КАРАЏА ТУРС и во сите други агенции овластени за продажба на нејзините програми. При пријавувањето, купувачот уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, доколку поинаку не е наведено во програмата,а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот или рокот што е наведен во самиот аранжман. Доколку патникот до тој рок не изврши доплата на аранжманот, организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати трошоците за отказ на аранжманот согласно условите од точка 6. “Откажување од патувањето од страна на патникот”, доколку поинаку не е наведено во програмата. При пријавувањето, патникот потпишува пријава-договор со изјава – “Изјавувам дека сум запознат/a со програмата и со Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам!“ со што Општите услови на патување, стануваат правна обврска за организаторот и за патникот. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ Цените за сите патувања се објавени во Денари или во Евра, со обврска за плаќање во денарска противвредност според курсот на девизниот пазар - објавен од страна на организаторот. Секое барање за дополнителни услуги подразбира дополнителни плаќања. Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и другите услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност од купувачот (се пресметува на остатокот од уплатата). При зголемување поголемо од 10%, купувачот има право да го раскине договорот без обврска да ја надомести штетата произлезена од отказот. Доколку во рок од два дена од приемот на известувањето, патникот по писмен пат не го извести оргаизаторот дека се откажува од договорот, се смета дека ја прифатил новата цена.Дополнително објавување на намалување на цените на патувањето (на пр. специјални понуди или попусти од типот “last minute“) не може да се однесува на веќе склучени Договори и не може да биде основ за било каков приговор или рекламација на патникот кон организаторот на патувањето.
КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време на објавувањето на програмата. Квалитетот на услугите го стандардизираат локалните туристички власти. Стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот не превзема одговорност за било каква друга усмена или писмена информација, која не е во согласност со описот на услугите во понудената програма.
ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ ЗA ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги. Во ретки случаи кога нема можност за сместување во резервираниот објект, поради технички причини или “overbooking” од страна на хотелиерот, организаторот ќе го смести патникот според можностите во дадениот момент, во објект од иста категорија или од повисока категорија, без надомест. Организаторот го задржува правото да го одложи или
откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот, најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето. ПРАВО НА ПАТНИКОТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот), доколку со програмата не е поинаку одредено.
Истата се пресметува, според следната скала:
за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 10%
за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето 15%
за отказ од 29 до 20 дена пред патувањето 25%
за отказ од 19 до 15 дена пред патувањето 40%
за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.– за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% од аранжманот
– за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од аранжманот
– за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
– за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
– за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот.
“Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот (од лични причини), со кој се реализира претходно издадениот ваучер во време на вонредна состојба, истиот патник е изрично согласен и по откажување на аранжманот, повторно да му биде издаден нов ваучер кој ќе биде издаден во износ на кој е пресметана казна за отказ на аранжман согласно табелата од чл.6 на Општите услови за патување”
Во случај на отказ на аранжман од страна на патникот, кој бил уплатен за време на попуст или аранжман од специјалните промоции на агенцијата (т.н first minute, early booking понуди и сл.) за кои цените со попуст важат единствено доколку се уплати износ од 30% или 50% од вклупниот износ на аранжманот до датумот на важност на попустот, уплатениот износ е нерефундабилен, односно не се враќа на патникот и истиот износ не може да се искористи за друг тип на аранжман.При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот и во Општите услови на патување (член 6 став 1).При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на упит”, организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација.Доколку патникот благовремено го откаже патувањето, организаторот има право на манипулативен трошок во износ од 10 € (евра), по пријава-договор. Доколку патникот го менува терминот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати само манипулативни трошоци во износ од 10 € (евра), по пријава-договор. Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
Организаторот на патување не прифаќа одговорност доколку патникот го изгубил патниот документ, или патниот документ на патникот е неисправен, со изминат рок или со недоволен период на важност за влез во земјата во која патува. Во овие случаи, патникот сам ги плаќа дополнителните трошоци.
Во сите гореспоменати случаи организаторот ќе обезбеди соодветна помош на засегнатиот корисник за безбедно враќање од патувањето или остварување на евентуални побарувања од давателот на услугите, но и ќе ги наплати евентуалните трошоци кои ќе произлезат од тие дополнителни услуги.
ОБВРСКИ И ПРАВА НА ПАТНИКОТ
Патникот е обврзан да се грижи, да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и на земјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства, и да соработува со претставникот/придружникот на организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот носи одговарност пред оранизаторот за направената штета. Патниците кои го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат отстранети од аранжманот.
Патникот е должен да поседува важечки пасош и да
побара информација кај надлежните служби, или да се информира кај организаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува во транзит) е потребна виза, за да таа навреме ја обезбеди. Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува. Патникот е должен да ги чува и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.
ПРЕВОЗ СО АВИОН Превозот на патниците со авион е регулиран со меѓународните правила на авионскиот сообраќај како и правилата на авионската компанија која ја ангажира организаторот на патувањето. За сите авионски патувања на редовните линии се подразбира превоз на патници на економска класа.
Во случај на промена на предвиденото време на полетување од страна на авиокомпанијата како и задоцнување на авионот (на една или на повеќе редовни линии или чартер-летови во текот на патувањето), организаторот на патувањето не ја сноси одговорноста за евентуални последици предизвикани со задоцнувањето, туку се применуваат важечките прописи и узанси од областа на авио-сообраќајот.
Несогласувањето на личните податоци дадени на организаторот на патувањето при пријава на аранжманот, со податоците од пасошот на патникот (како на пример, давање на скратени или непотполни имиња од страна на купувачот), често создаваат последици од прогласување на картата за нерегуларна и испишување на нови авионски карти, кои како трошок се на терет на патникот.
Овие грешки, можат да предизвикаат сериозни проблеми за патниците, во текот на патувањето. Патникот е одговорен за својата авионска карта од моментот кога ќе ја добие од претставникот на агенцијата на аеродромот, или од службеникот во туристичката агенција. Не постои можост на издавање на дуплилкат на авионска карта, како на бординг карта, за влез во авионот. Патникот во целост ги носи последиците на нивното губење пред или пак во текот на патувањето.

09-а. ПРЕВОЗ СО АВТОБУС И АВТОБУСКИ ТРАНСФЕРИ Превозот со авобус, како и автобуските трансфери, се извршуваат со стандардни туристички автобуси според прописите и критериумите кои важат во земјите во кој е регистриран автобускиот превозник ангажиран од организаторот на патувањето.
По правило, не постои однапред дефиниран распоред на седишта за патниците, ниту пак утврден начин на промена на седиштата по денови во текот на патувањето со автобус. Местата во автобусот се доделуваат последователно според датумот на пријавување на патникот на аранжманот. Исклучок можат да бидат одредени автобуски патувања, и во таквите случаеви ова патување е регулирано со посебна одредба во самиот програм на патувањето.
Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, техничко расипување на возилото или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања. Одредбите во врска со патувањата со брод или со железница, наведени се во програмите за патување во кои е предвидено користење на овие превозни средства. БАГАЖ Патникот има право на бесплатен превоз на багаж, до 15 кг на чартер летовите и 20 кг на редовните авионски линии, и едно парче рачен багаж, доколку не е поинаку наведено во програмата. Кај автобускиот редовен, слободен или чартер превоз, дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (до 20 кг) по патник и едно парче рачен багаж, доколку не е поинаку наведено во програмата. За секој килограм багаж односно патна торба преку дозволеното, превозникот има право за истиот да наплати дополнителни трошоци по килограм/парче или да не дозволи да се транспортира, во зависност од багажниот простор на возилото.Деца до 2 години на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобусот, право на бесплатен багаж имаат согласно меѓународните правила. Како багаж, не се дозволува внесување на трговска стока, храна, пијалоци, лекови, наркотици, хемиски и други запаливи средства, оружје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети. При внесување и изнесување на багажот од возилото, патникот со лично присуство одговара за истиот. За време на реализација на аранжманот, за багажот се грижи самиот патник. Поради тоа препорачуваме пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување со осигурување на багаж преку осигурителна компанија, која може да се уплати во агенцијата. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубените предмети или драгоцености за време на патувањето или престојот во објектите. Препорачуваме изајмување на сеф, каде што е тоа можно.
ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење или евентуалните лекарски интервенции ги плаќа патникот. Поради тоа препорачуваме, пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување преку Осигурителна команија, која може да се уплати во агенцијата.СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ
Доколу патникот-закупувач не договорил соба/апартман со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект, опишана во каталогот и ценовникот. Доколку е можно, организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (комфор, ориентација на собата, кат и слично) но, не може да гарантира исполнување на таквото барање. Вообичаеното сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 10:00 часот (доколку во куќниот ред не е поинаку назначено). ИНДИВИДУАЛНИ ПАТУВАЊА
За индивидуални резервации и аранжмани патникот уплаќа депозит на име трошоци за резервација. Доколку резервацијата биде прифатена од страна на патникот, депозитот се пресметува во цената на патувањето. Доколку резервацијата организаторот на патувањето не ја потврди, депозитот во целост му се враќа на патникот.
Ако патникот ја отаже потврдената резервација, организаторот го задржува износот на депозитот во целост.
Одредбите на точка 6. од Општите услови за патување не се применуваат кај индивидуалните резервации и аранжмани.
РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има право на соодветно обештетување, исклучиво доколку приложи писмен приговор до организаторот. Секој патник - носител (потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор.
Постапка за поднесување приговор:
Веднаш, на самото место, патникот ја рекламира евентуалната неадкватна услуга или проблем, кај претставникот на организаторот или кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра
Доколку патникот на самото место, не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
Ако причината за рекламација не биде отстранета, патникот за тоа, со претставникот составува писмена потврда (записник).
Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложува писмената потврда (записникот) потпишана од претставникот, како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.
Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот, заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат одстранети причините кои ги предизвикале.
Додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми. Евентуалното непридржување на купувачот-патникот кон истата, или пак нарушување на отпочнатата постапка со било каква активност спомената или не, дава причина за неприфаќање на приговорот, прекинување на отпочнатата постапка и воедно поднесување на тужба пред надлежните органи од страна на организаторот, за наплата на претрпената штета за нарушен углед во јавноста.
Највисокиот надомест по приговорот може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите, но, таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот за наплата на “идеална штета”.
НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ
Во согласност со точка 14. од овие услови, купувачот на услугите од одредна програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен со решението на организаторот, има право да побара дополнителна арбитража и мислење од страна на Судот на честа при надлежната комора, или од страна на надлежниот Суд во Скопје, односно местото каде е седиштето на организаторот на патувањето.
За организаторот на аранжманот:
Т.А. Ле Ти турс Караџа 2007
За корисникот на аранжманот
Општи услови за патување на Т.А. Ле Ти турс Караџа 2007
ØСо потпишувања на договор - пријава за патување, комитентот се обврзува на почитување на правилата за патување на СКТМ и Т.А Ле Ти турс Караџа 2007
ØЛе Ти турс Караџа за сите аранжмани го задржува правото за промена на редоследот на одделни активности, во согласност условите и можностите за одвивање на програмата на патувањето, но не и содржината на програмата.
ØЗа аранжманите за кои Ле Ти турс се јавува како организатор на патувањето превзема соодветна одговорност и обврска за решавање на конфликти помеѓу клинтите и Ле Ти турс Караџа 2007 , но во ситуациите кога Ле Ти ТУРС Караџа се јавува како посредник, односно субагент, тогаш Ле Ти турс Караџа 2007 се оградува од секаква одговорност, но превзема обврска за превземање соодветни мерки за разрешување на проблемите согласносно можностите.
ØТ.А. Ле Ти турс Караџа се обврзува да ги запознава клиентите за соодветните правила на патување, во однос на времето на престој, важност на патна исправа, дозволени производи за внес и изнес од земјата, во моментот на правење на резервацијата. Доколку настанат промени во однос на законската регулатива од моментот на потпишување на договорот за аранжман до моментот на патување, Т.А. Ле Ти Турс Караџа 2007 не сносва никакви последици за можните несакани дејства .
ØСекој патник одговара сам и лично за исправноста и важноста на документите со кои ќе патува.
ØИзносот на готовинско плаќање може да биде до 30000.оо денари по аранжман.
ØПри плаќање со платежна картица, при уплата на терминал се пресметуваат и трансакциони банкарски трошоци во износ од 2.5% од вкупниот износ за домашни платежни картички или 3.2 за странските платежни картици.
Ø 6.а Комитентите можат уплата да извршат и со банкарски налог, со повикување на профактура директно во банка, при што трансакционите трошоци за уплата паѓаат на товар на Ле Ти турс Караџа 2007.
ØПри реализација на факултатива минимален број на патници е 25 од група, а пријавувањето за факултативните посети излети се прави во агенција , не покасно од два дена пред поаѓање. Уплатата на факултативата е неповратна.
ØСекоја уплата на аранжманите се врши најмалку 10 дена пред датумот на поаѓање. Доколку комитентот и агент од Ле Ти турс Караџа 2007 се договорат за плаќање на рати, коминтентот е должен да изврши целосна уплата до 31.12. во тековната година.
ØСо потпишување на договорот - пријавата за патување секој комитент потврдува и ги прифаќа правилата за патување на Ле Ти турс Караџа 2007 и потврдува дека е детално запознаен со аранжманот , односно патувањето кое го уплаќа.
ØПри промена или отказ на резервација важат правилата за промена и отказ на СКТМ .

Во контекст на моменталното негативно влијание на пандемијата, врз севкупното туристичко работење на нашата агенција и на сите нејзини партнери низ светот, сакаме да ги споделиме со Вас најбитните информации и совети, за кои се надеваме дека ќе ни помогнат во заедничкото надминување на проблемот и последиците предизвикани од него.
· За актуелната Законска уредба на Владата и вредносните ваучери?
На 27.седница одржана на 24.март 2020 година, од страна на Владата е донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за туристичка дејност за време на вонредна состојба. Согласно со оваа владнина Уредба со законска сила (Објавена во Службен весник бр.80 од 27.03.2020 година), туристичките агенции ќе издаваат ваучери во вредност на сумата уплатена за аранжманот кој бил откажан како резултат на кризата со Корона вирусот.
Со оваа мерка според член 2. од Уредбата, туристичките агенции кои ќе мораат да ги откажат своите аранжмани за време на вонредната состојба, ќе бидат должни да им издадат нов (вредносен) ваучер на клиентите, со износ на претходно уплатената сума кој што тие понатаму ќе можат да го искористат за друго патување заклучно со 31.12.2021 година.
Со оваа мерка се очекува како агенциите, така и патниците кои поради настанатата ситуација со кризата од Корона вирусот не можеле да ги реализираат своите арнжмани, уплатените средства за нив да не ги изгубат, туку нивниот износ да го искористат за друг аранжман во периодот по завршетокот на вонредната состојба. Оваа Уредба, воедно им овозможува на туристичките агенции и на нивните партнери, полесно да се реорганизираат и да го издржат финансискиот товар од загубите, кој согласно мерките би се распределил на подолг временски период. Издавањето на Ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира со согласност на двете страни, односно туристичките агенции и патниците.
· Кога и како ќе се издаваат вредносните ваучери?
Според Уредбата за примена на оваа мерка, вредносните ваучери кои ќе се издават како гаранција за користење на уплатениот износ од аранжманите (претходно проследен и авансиран кај крајните даватели на услугите: хотелите, туроператорите, авио компаниите, превозниците...), ќе се однесуваат само за оние аранжмани кои ќе се откажуваат од агенциите или од давателите на услугите, а кои требало да се реализираат во актуелниот “вонреден период” настанат под влијание на пандемијата. Всушност за сите оние аранжмани кои поради вирусот, воедно и не можеле да се користат од страна на патниците.
· Кога и како можете да се откажете од вашето патување?
Од патувањето можете да се откажете или истото ќе биде откажано од наша страна, само доколку во дадениот момент се такви и насоките од надлежните органи, или пак доколку крајните даватели на услугите: авиокомпаниите, хотелите, превозниците или туроператорите, донесат одлука за прекин на нивните планирани услуги.
Доколку за земјата, регионот и периодот на резервираното патување, нема конкретни рестрикции за патување издадени од надлежните органи, ниту пак има актуелни домашни или надворешни мерки кои би ја спречиле неговата реализација, ние препорачуваме патувањето да не го откажувате. Всушност во ваков случај, кога аранжманот не е под влијание на актуелната пандемија, или истиот треба да се реализира во период по нејзиното очекувано завршување, а патникот сепак се одлучил да поднесе барање за отказ на уплатениот аранжман, тој ќе биде разгледуван како “вообичаен отказ” предвиден со Законските одредби, Општите услови на патување или Посебните услови за резервација на аранжмани, поврзани за периодот на акциската предпродажба.
Секако агенцијата и понатаму ќе го има сето потребно разбирање за личните причини поради кои патникот го довеле до неговата одлука и ќе направи сѐ што е во нејзина моќ за да го најде за него најповолното решение. Важно е и да се напомене, дека за секој отказ или пак промена на патувањето, агенцијата и патникот требаат да се информираат благовремено. Самоиницијативното превземање на било какви активности, спротивни на важечките Законски одредби и пропишани услови на патување, може да доведат до причини и последици вон коректното и успешното надминување на било кој настанат проблем.
· Дали треба да бидете загрижени за вашето патување или одмор?
Разбирајќи ја актуелната состојба со вирусот (Covid-19) која наметнува сеопшта несигурност и неизвесност поврзана за планираните патувања и одмори, со постојано следење на состојбите во земјата и пошироко, како и препораките кои секојдневно се менуваат, ние целосно ја разбираме и делиме вашата загриженост.
Како директно засегнати и погодени од оваа пандемија, ние секојденвно го следиме развојот на состојбите во светот и воедно ве уверуваме, дека и самите никогаш не би го довеле во ризик здравјето на нашите патници, вработените лица и колеги, преку реализација на било кој аранжман од нашата понуда.
Доколку за одредена држава, регион или дестинација, која е предмет на планирано патување или аранжман за одмор, постои рестрикција или забрана за патување кон неа издадена од надлежните органи, или пак постојат било какви официјални препораки за да не се патува кон неа, аранжманот ќе биде последователно откажан и уплатените средства за него пренасочени или искористени за друг термин или дестинација, во согласност со Законските уредби и направената консултација со патникот.
· Дали можете самоиницијативно да ја откажете или промените, вашата резервација за патување или летен одмор?
Ние секако се надеваме, дека вашиот одмор Вие нема да го откажете или промените предвреме. Особено не би сакале тоа да го направите, како резултат на избрзана и панична реакција иницирана од моменталната состојба со вирусот. Наш предлог е секако, заеднички да изнајдеме трпение и потребен оптимизам до очекуваното скорешно завршување на оваа состојба. При тоа, се подразбира дека овој наш став воопшто не ја негира било чија одлука или право на патникот, за негов евентуален отказ на уплатениот аранжман за одмор. За отказ е доволно патникот само да достави писмена изјава-барање, со која се откажува од претходно договорениот аранжман. Групните откажувања, или пак откази пеку телефон или e-mail без пропратна писмена изјава-барање доставена до продажните места, не ќе можат да бидат обработени.
Тоа што би требало да се знае и да се има предвид при донесувањето на евентуалната одлука за отказ поради Корона вирусот, е дека сите препораки и рестрикции за патување издадени од надлежните органи, сепак имаат локациска и временска рамка, како и соодветна важност. Всушност истите не можат произволно да се толкуваат и однесуваат за дестинации, термини и периоди кои не се опфатени со законски објавената "Вонредна состојба". Актуелните летни аранжмани на ТА ЛЕ ТИ турс КАРАЏА 2007 и понатаму остануваат непроменети. Планираните програми и термини за реализација, до овој момент за било која летна дестинација или туристички аранжман, се непроменети. Нивното откажување или промена поради влијание на пандемијата од вирусот Корона, е сѐ уште непотребно и непредизвикано.
Ние активно ќе продолжиме да го следиме развојот на настаните, како и препораките кои би можеле да влијаат на нашата летна програма. Доколку дојде до било каква промена предизвикана од истите, поради што како агенција не ќе бидеме во можност да го реализираме вашиот планиран аранжман за одмор, Ве уверуваме дека благовремено ќе ве контактираме и информираме за тоа, како и за евентуалните можности за адекватна промена на аранжманот. Секако во таков случај, се подразбира и споменатата Уредба за издавање на ваучер за понатамошно користење на средствата од претходно уплатениот, а откажан аранжман.
Посакувајќи Ви добро здравје и скорешно безгрижно патување,