Источна Србија
- Манасија - Ресавска Пештера - Тумане - Голубац - Ждрело
1 ден. 10.11.2023 Состанок на групата во 22:ОО часот и заминување за Србија со попатни паузи и царински формалности.
2 ден. 11.11.2023 Пристигнување во манастирот Манасија во раните утрински часови. Манастирот Манасија или Ресава е еден од најзначајните споменици на српската средновековна култура и најзначајната градба која припаѓа на Моравската школа. Се наоѓа 30 километри од автопатот Белград - Ниш. Манастирот Манасија започнал да се гради во 1407, а истиот е завршен 1418 година. Манастирската црква е посветена на Света Троица и истата е подоцна осветена, Целиот комплекс е опкружен со високи ѕидови кои во минатото служеле за одбрана. Всушност, претставува една целина која се состоела од вкупно 11 кули. Оттаму посета на Ресавската пештера, која е заштитен споменик на природата и истиот се сместува во заштитено подрачје од прва категорија. Ресавската или Дивљаковачката пештера се наоѓа во источна Србија на 20 километри од Деспотовац. Оваа пештера е една од најзначајните туристички пештери во Србија и се наоѓа на надморска височина од 483 метри. Околу пладне заминување за Долни Милановац/Мајданпек - сместување во хотел. Слободно време и можност за факултативно крстарење по Дунав (Ѓердапската Клисура). Вечера. Ноќевање.
3 ден. 12.11.2023 Доручек. По доручекот заминување за манастирот Тумане - православен манастир на Браничевската епархија на Српската православна црква. Се наоѓа во Голубачката Долина на само 12 километри оддалечен од Голубац. Точното време за изградба не се знае, но првпат се појавува во пописите од 1572/3 година. По посетата на манасторот заминување за Голубачка тврдина. Во пладневните часови заминување за Ждрело и посета на Манастирот "Св. Троица" кој се наоѓа во живописната Горњачка Клисура на ридот Мали Чукар, во близина на селото Ждрело. Според преданието, кон крајот на XIII век го изградил кралот Милутин покрај извор на лековита вода, каде со милоста Божја и горливите молитви на тамошните монаси биле исцелени многу слепи. Во попладневните часови заминување за Македонија.
4 ден. 13.11.2023 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :
4900.оо за пријави до 30.09.2023
РЕДОВНА ЦЕНА 5900.оо мкд
Цената вклучува:
Цената не вклучува:

- Превоз на дадена релација
- 1 ноќевање со вечера и доручек
- Организација и водство на аранжманот
Цената не вклучува:
- Факултативно крстарење низ Ѓердапската Клисура (Крстарењето вклучува тура низ големиот и малиот Казан, балон станицата Варница, манастирот Мраконија, Хајдучкиот водич, Децебал Рекс и Трајанова табла) - 20 евра
- Влезници за Голубачка тврдина - со локален водич 8 евра
- Туристичка такса 1 евра по лице