Неа Врасна - Вила Геракина
Вила Геракина се наоѓа на 150 метри од прекрасната песочна плажа во Неа Врасна. Вилата располага со двокреветни, трокреветни, четворокреветни студија. Сите соби имаат комплетно опремени кујни и купатила. Користењето на климата е вклучено во цената. Wi – fi – бесплатно .
12% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 100% ОД ЦЕНАТА ДО 31.12.2023
10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 100 % ОД ЦЕНАТА ДО 01.03.2024
5 % ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 100 % ОД ЦЕНАТА ДО 01.04.2024
Пакет аранжманите изразени со * во ценовникот (мај,јуни и септември), не подлежат на попуст за рана резервација!
12% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 100% ОД ЦЕНАТА ДО 31.12.2023
10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 100 % ОД ЦЕНАТА ДО 01.03.2024
5 % ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 100 % ОД ЦЕНАТА ДО 01.04.2024
Пакет аранжманите изразени со * во ценовникот (мај,јуни и септември), не подлежат на попуст за рана резервација!
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
- При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
- Преземањето на собите е во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена агенцијата ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
- Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа во агенција .
- Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.