Олимпил Бич - Хотел Pantheon
Хотел “Pantheon” е лоциран на сама плажа во Олимпик Бич. Стилно опремените студија со директен поглед на море/плажа и новиот ентериер им нудат пријатен, релаксирачки одмор на гостите. Хотелот располага со следната структура: 1/2, 1/3 - 1/4 студија со редовни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, големо огледало, туш, фен за коса, балкон (масичка со столчиња) со директен поглед на море/плажа, клима, ТВ - LCD, гардеробер (закачалки и сушара). На располагање е бесплатен интернет во студијата, на рецепција како и на лежалките на плажа. Во склоп на хотелот се наоѓа елитен стилски дизајниран ресторан “Remezzo” со првокласни специјалитети на храна и пијалоци како и бесплатни лежалки на сама плажа со порачување на пијалок. Без оглед на ресторанот, хотелот и во вечерните часови на гостите им нуди пријатен престој. Хотелот располага со ЛИФТ. Студијата се на III кат.
GPS Coordinates:40.238531, 22.587753
10% попуст за целосна уплата до 01.02.24 | 5% попуст за целосна уплата до 01.04.24
GPS Coordinates:
10% попуст за целосна уплата до 01.02.24 | 5% попуст за целосна уплата до 01.04.24
НАПОМЕНА
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- - Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- - Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- - Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- - При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- - Студијата со поглед море имаат директен поглед на море/плажа, внатре од студијата и од балконот;
- - Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- - Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
- - Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- - Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
- - Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- - Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од хотелот на автобуската постројка до плажата.
- - Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН!!
- - Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- - За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- - За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- - Доплата за туристичка такса - 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа на рецепција);
- - Доплата за клима - 7€ од ден (на рецепција);
- - Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);