ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ СВ.НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ
СВЕТИ ЕФРЕМ НОВИ
Ден 1 (18.03. 2022 год.)
Состанок на групата во 16.00час. пред хотел “Holiday inn” - Скопје, а потоа преку Велес, Прилеп во Битола, од каде се поаѓа за Грција во 19.15 часот, преку граничниот премин Меџитлија – Ники.
Ден 2 (19.03. 2022 год.)
Ноќно патување. Утрото се пристигнува во местото Неа Макри, во манастирот Св.Ефрем Нови, во близина на Атина. Присуство на Св.Божествена Литургија и поклонение на светињите во манастирот.
Потоа одиме во Камариза, каде блажениот старец Нектариј Виталис изградил црква во спомен на Св.Нектариј Егински, а од таму се поаѓа за Атина, во Пиреа, од каде со траект се патува за островот Егина. Сместување во хотел. Ноќевање.
Ден 3 (20.03. 2022 год.)
Присуство на Света Божествена Литургија, поклонение на моштите на Свети Нектарие Егински, како и посета на целиот манастирски комплекс (гробот, неговиот дневен престој, негови ракотворби, иконата на Пресвета Богородица пред која ја испеал најубавата химна на Пресветата: “Света Дево владичице, нескверна Богородице, – Радујсја невесто неневесна….’’).
Попладне, со траект до Пиреа – Атина и патувањето продолжува за Битола – Скопје, со попатни паузи. Пристигнување во Скопје после полноќ.
ЦЕНА на аранжманот 6 200 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
· Патување на наведената релација со високотуристички автобус;
· Едно ноќевање во хотел;
· Патување со траект
· Патничко осигурување – освен за патници над 65 год. ( информации во агенцијата )
· Водич и пратител на групата
Во цената на аранжманот не е вклучено:
· Патничко осигурување за лица над 65 год. (се доплаќа 100 денари)
· Индивидуални трошоци
· Напомена: За реализација на турата потребни се минимум 40 патници
• Напомена: За патување во Грција потребно е потврда за 2 дози од било која вакцина или негативен PCR тест.
Писмото на Св. Нектариј кога бил дете до неговиот возљубен Господ Исус Христос
До мојот пресладок Исус.
“ Ме праша зошто непрестано плачам. Причината, мој Господи, е таа што облеката ми се распаѓа дотаму што и на чевлите ми се појавија дупки. Поради тоа ми излегуваат прстите и многу ме боли, зашто сега е зима и се смрзнувам. Синоќа му се обратив за помош на мојот газда, но тој ме истера надвор. Ми рече да побарам од родителите да ми купат нова облека. Најсладок мој Господи, до сега толку многу работев, а не можев на мајка ми да и испратам ниту еден грош. Што сега да правам и како да работам без облека? Само што ќе ја закрпам облеката, таа пак се кине. Те молам, прости ми што те вознемирувам со своите маки. Ти се клањам и верувам во Тебе.
Твојот верен слуга, Анастасиј. “