ПРОХОР ПЧИЊСКИ-ВРАЊЕ
27.11.2023
Манастирот на свети Прохор Пчински се наоѓа во шумовитите падини на планината Козјак, на левиот брег на реката Пчиња, во непосредна близина на селото Кленика и на само 30 километри јужно од Враење. Според легендата манастирот е изграден од страна на византискиот цар Роман Диоген во 11 век во знак на благодарност на Свети Прохор Пчињски ,којму предвидел дека ќе стане цар. Политичките случувања што се одвиваат кон крајот на 10 и почеток на 11 век оставиле свој белег во овој крај. Со победата на Василиј II над Самоил, Византија успева да си ги врати изгубените територии на Балканскиот Полуостров, а со тоа доаѓа и до реорганизација на политичката и црковната ситуација во регионот. По Косовската битка во 1454 година манстирот е уништен од страна на Османлиите, за повторно да биде обновен во 1489 година од страна на Марин, син на попот Радоња од Кратово. Во тој период се насликани и вреските во самиот манастир, кои се сметаат за најважно уметничко дело од тој период. На 2 август далечната 1944 година тука е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија или познато како АСНОМ. Манастирот Прохор Пчински денес претставува целина во која се испреплетени културно историските спомени.
Храм Св. Троица – Соборниот храм Св. Троица во Врање е главната и најголемата православна црква во Врање и централната црква на Врањската епархија на Српската православна црква.
Врање е град во јужна Србија и седиште на истоимената општина. Врање претставува економски, политички и културен центар на Пчињскиот округ, во чиј состав влегуваат општините Босилеград, Бијановац, Владичин Хан, прешево, Сурдулица, Трговиште и Врање. Градот се простира во северозападниот дел на Врањската котлина, на левиот брег на реката Јужна Морава. Според пописот од 2002 година, во Врање имало 55.052 жители а во целата општина 83.288 жители.
ЦЕНА: 1200 мкд
Опис на програмата:
Понудата не вклучува:

- Тргнување од Спортска Сала во 05:00 часот.
- Предвидено време за пристигнување во Прохор Пчински околу 10 часот.Слободно време за разглед и прошетка низ манастирот.
- Во договорено време со групата поаѓање за Врање.
- Слободно време за прошетка и разглед на соборниот храм Св. Троица.
Понудата вклучува: - Превоз на наведената релација.
- Организација и водство на патувањето.
- Прошетка и разглед на манастирот Прохор Пчински.
- Посета и разглед на соборната црква Св. Троица во Врање
- Посета на Врање.
- Патничко – здравствено осигурување
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци
- Влезници за културно историски споменици