Пефкохори - Хотел Agnes Deluxe 3*
Agnes Deluxe Hotel се наоѓа во Пефкохори, на само 50 м од море и 20 м од супермаркет. Хотелот е нов и нуди 24 соби. Од хотелските содржини во понуда се: сала за појадок, бар и бар покрај базенот, надворешен базен, интернет, паркинг. Собите се пространи и со стандардни димензии на леглата. Опремени се со клима уред, балкон, мини бар, телефон, ТВ и интернет. Во стандард, супериор, комфорт и премиум соби дозволено е сместување за макс. 2 возрасни и едно бебе. Премиум соби се со поглед на море. Стандардна трокреветна соба е со брачен и единечен кревет. Делукс собите се со брачен кревет и софа на расклопување, како и Џуниор суитови.