ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ СВ. ПАТАПИЈ, СВ.КИПРИЈАН И ЈУСТИНА СВ. НЕКТАРИЕ ЕГИНСКИ
Ден 1 (10.11. 2023 год. петок) Состанок на групата во 17.30час. пред “Хотел Русија” - Скопје, а потоа преку Велес, Прилеп во Битола, од каде се поаѓа за Грција во 20.30 часот, преку граничниот премин Меџитлија – Ники.. Денско возење со попатни одмори.
Ден 2 (11.11.2023 год. сабота) - Пристигнување во утринските часови во Лутраки. Посета на манастирот посветен на Св.Патапиј и поклонение на неговите свети мошти, како и на светињите во манастирот. Потоа продолжуваме кон манастирот посветен на Св. Кипријан (познат како голем исцелител од духовни болести) и Јустина, каде исто така се поклонуваме на светињите во манастирот. Попладне се продолжува кон пристаништето Пиреа и со траект одиме до островот Егина. Посета на манастирот посветен на свети Нектарие Егински, како и учество на вечерната Богослужба. Ноќевање.
Ден 3 (12.11.2023 год. недела) - Присуство на Света Божествена Литургија, поклонение на моштитте на Свети Нектарие Егински, како и посета на целиот манастирски комплекс (гробот, неговиот дневен престој, негови ракотворби, иконата на Пресвета Богородица пред која ја испеал најубавата химна на Пресветата: “Света Дево владичице, нескверна Богородице, - Радујсја невесто неневесна....’'). Потоа се посетува манастирот посветен на Св.Катерина, како и на гости кај блажениот Јероним Егински. Попладне, со траект, Пиреа - Атина и патувањето продолжува за Битола, Скопје со попатни паузи. Пристигнување после полноќ.
ЦЕНА на аранжманот 6900 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:
ЖИТИЕ НА СВЕТИ НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ
„Цел на нашиот живот е да биднеме совршени и свети. Да се покажеме чеда Божји и наследници на Царството Небесно. Но, да внимаваме, поради овој живот да не бидеме лишени од идниот. Да не се случи, поради животните грижи и немирот да ја занемариме целта на нашиот живот.“
Св. Нектариј
Времето во кое се родил и живеел, Свети Нектариј е така наречен мрачен период на православието, по распадот на славното православно ромејско царство и многувековното инославно турско ропство од една страна и свесно наметнатото духовно ропство од западната стерилна схоластичка теолошка мисла од друга. Во својот живот ги поминува трите степени од духовниот живот: очистувањето на срцето, просветлувањето на умот и обожувањето на севкупната личност, ги поминува и трите степени во богомислието; практичната или природната, теоријата или созерцателната и чистата теологија. Со тоа Светителот ја актуелизира полнотата на крштенската благодат во него и божествените енергии и нам ни ги пренесува преку неговите молитви и дела, а неговото слово преобразено и очистено во неговото срце и самото добива сила, станува слово со власт и Божјо Слово – Богословие.
Во теолошката мисла на светителот се надзира западниот схоластички систем кој го стекнал во академијата. Но заради неговото преобразено чисто срце и просветлен ум тој ја исчистил, преобразил и просветлил со што и го очистил преобразил и просветлил патот на идната генерација теолози, т.н. неопатристи или ново патристи. Неговата општа, посебно богословската ученост, неговиот свет аскетски живот и неговите дела ни откриваат еден навистина голем богослов и отец на Православната Црква кој одлично го познава учењето на светите отци. И со право Епископот Пентаполски можеме да го вброиме рамо до рамо со великите отци на Црквата Божја.
Тој воведува „нов“ дух во Црквата, или поточно се враќа на самиот почеток од животот на Христовата Црква, возобновувајќи го монаштвото во неговата аскетско – исихастичка основа и старчество, и просветлувајќи и оживувајки го теолошкото образование. Исповеда, проповеда, пишува боговдахновени книги, со што ја разбудува помалку заспаната христијанска совест.
Тој е вистински Епископ и пастир на овците кој својот живот го полага за нив. Успева елинската (традиционална) философија, западната схоластика (секуларизмот) и грчкиот национализам (етнофилетизмот) да ги покаже во нова светлина и православно да ги насочи кон Христа. Таквиот пастир го познаваат овците, го слушаат и одат по него.
„По примери на Светиот, Кој ве повика и вие бидете свети во сите ваши постапки“
(I Пет. 1,15)
„Бидете свети, оти Јас сум свет“ (I Пет.1,15-16).
Светиот Архиереј на Црквата Христова Нектариј e роден во гратчето Силиврија, Источна Тракија во 1846 год. Потекнува од благочестиво работничко семејство, во коешто е роден како петто од вкупно шестте деца. При светото Крштение го добива името Анастасиј. Со особена топлина меѓу детските спомени на светителот му се врежале сеќавањата на неговата баба, којашто му била и прва настaвничка во подвигот на молитвата.
Но, нуждата многу рано го одделува од семејството и сите оние, кои му биле блиски. На тринаесетгодишна возраст го напушта својот роден град и заминува за Константинопол за да работи како чирак во цариградските дуќани, на тој начин споможувајќи ја издршката на своето семејство. Единствена одбрана на малиот Анастасиј против суровоста и безчувствителноста на големиот град му била наивната вера и молитвата, а Бог не го оставил. За да го покажеме тоа, ќе се одбележиме еден бележит пример од тие негови тешки денови: Имено, додека работел во еден дуќан целиот парталав и неугледен, стопанот му се заканувал дека ќе го отпушти од работа доколку не се спастри. Наоѓајќи се во безизлез, кутриот Анастасиј со детска простосрдечност решава да напише писмо, кое го адресира – „До нашиот Господ Исус Христос на небесата“. Во него тој напишал:
„До мојот пресладок Исус.
Ме праша зошто непрестано плачам. Причината, мој Господи, е таа што облеката ми се распаѓа дотаму што и на чевлите ми се појавија дупки. Поради тоа ми излегуваат прстите и многу ме боли, зашто сега е зима и се смрзнувам.
Синоќа му се обратив за помош на мојот газда, но тој ме истера надвор. Ми рече да побарам од родителите да ми купат нова облека. Најсладок мој Господи, до сега толку многу работев, а не можев на мајка ми да и испратам ниту еден грош. Што сега да правам и како да работам без облека? Само што ќе ја закрпам облеката, таа пак се кине. Те молам, прости ми што те вознемирувам со своите маки. Ти се поклонувам и верувам во Тебе.
Твојот верен слуга, Анастасиј. “
Ова писмо во сета своја наивност го дава на стопанот од еден соседен дуќан да го испрати во пошта. Меѓутоа, тој штом ја прочитал адресата на писмото, изненаден го отвора, и како добар христијанин, купува облека и чевли за малиот Анастасиј, испраќајќи му ги тајно во пакет на кого едноставно напишал:„Христос до Анастасиј“. Навистина, верата во Христа сè може да постигне и чудни се патиштата на Неговата промисла.
По некоја година Анастасиј престанува да работи по локалните дуќани и наоѓа работа како помлад предавач во училиштето, кое принадлежи кон Цaриградската црквата на „Светиот Крст“, додека паралелно и самиот учи средно училиште. На тој начин, полека започнува да ја остварува својата мечта за служба во Црквата. На дваестгодишна возраст, пак, засекогаш го напушта Константинопол и заминува на островот Хиос, кадешто почнува да работи како учител во тамошното селце Лити. На Хиос наскоро и се замонашува 1876 год. со благослов на митрополитот Георгиј, а веднаш потоа (1877 год.) e ракоположен и во ѓаконски чин.
Со благослов на Митрополитот испратен е и во Атина за да го доврши своето богословско образование, а после тоа 1885 г. Заминува во Египет и стапува во служба на Александријскиот Патријарх Софрониј. Во Египет Бог го удостојува Својот угодник Нектариј и со свештеномонашки чин (1886 г.), а наскоро бидува воздигнат и со епископско достоинство (1889).
Епископот Пентаполски, Нектариј станува познат меѓу сето православно стадо во Египет. Сите го засакуваат и почитуваат поради неговата саможртвена љубовност кон сите и со која им пристапува на луѓето, особено кон бедните и унесреќените, молитвениот жар, со когошто насекаде ширел несекојдневна надеж, и неодоливата кроткост, којашто ги разоткрива бездните на христоподобното смирение. Но сето тоа воедно предизвикало и завист кај оние Црковни „службеници“, коишто се одвраќале да се подвизуваат во наведените благодатни добродетели кои ги поседувал и го украсувале светителот. Конечно, тие заговараат адска клевета против владиката Нектариј и издејствуваат тој да биде остстранет од Патријршијата.
Веќе на почетокот од оваа борба светителот Нектариј излезе веќе како победник со самото тоа што во гнасните клевети и лукавства против него самиот остана кроток и полн со љубов кон своите клеветници и вражественици. Впрочем, самиот свесен за тоа вели:
„И искушенијата се знак на Божествената милост.“
Така, во 1890 год. се враќа во Грција, при својот народ и својата земја кадешто место љубов го дочекува студенило, наместо почит го пресретнува презир. Таму отпрвин живее како обичен проповедник и насекаде каде го носи службата успева да придвижи искрена љубов меѓу најобичниот беден народ. Оној, кого Црковните „високи кругови“ го отфрлија и презреа, се најде возљубен и прифатен од кротките и простите. Нив и ги обдари со неброено мноштво на своите душеспасителни совети, со множество благодатани чуда, со коишто им има помогнато на многумина. Светителот умеел да каже:
„Барајте Го секојдневно Господа; но внатре, во срцето ваше, а не некаде надвор. И кога ќе го најдете, застанете со страв и трепет како Херувимите и Серафимите, зашто срцето ваше станало престол Божји. Но за да Го пронајдете Господа, смирете се себеси до прав, зашто Господ се гнаси од гордите, додека ги љуби и посетува смирените по срце.“
Во 1894 год. ја прима службата на управник на Богословијата Ризарион во Атина. Таму успева ја стекне довербата и љубовта на своите ученици, коишто во него наоѓаат неприкосновен духовен авторитет, нежен отец и скромен подвижник. На сите, коишто во тие години ја имаат посетено Семинаријата, им се врежала сликата за скромниот управник на училиштето, кој честопати го гледале како самиот ги врши и најтешките и најпонижувачки физички работи во школата. Паралелно со работата во Богословијата, почнувајќи од 1904 година, на блискиот остров Егина св. Нектариј организира мал женски манастир, во кого си го устројуваат животот неколку негови духовни ќерки. Забележано е дека при неговата прва посета на островот едно демоноопседнато момче го пречекало со зборовите „владиката доаѓа на островот; одете и поздравете го…; доаѓа светецот, кој ќе го спаси островот.“ На тоа, светителот остро и недвосмислено одговорил: „Духу гатачки, злобен и нечист, ти заповедам во името на Иисуса Христа Распнатиот да излезеш од ова момче!“ И истиот миг нечистиот дух исчезнал, не поднесувајќи го присуството на Духот Свети. Така, сиот народ можел да ја увиди заблудата и злото на било какво јасновидство, гатање или баење, посебно на таквите, коишто за полесна измама на простосрдечниот народ луково ја спомнуваат и ја злоупoтребуваат Црквата и Православната вера, без да знаат дека Бог не прима пофалби од лукавиот.
Конечно, после повлекувањето од должноста управник на Богословијата Ризарион (1908 г.), Св. Нектариј се повлекува на Егина и целосно се посветува на духовното раководење со манастирот, кој самиот го основал. Ваков совет тој низ песна дава на секој монах:
„Возљуби ја молитвата, постот и бдението,
биди усрден во трудот и пребивај во безмолвие,
усовршувај се во смирението,
трпението, истрајноста,
расудувањето и вниманието.
Почитувај го самоодрекувањето, благородието,
доброчинството, духот на правдата, цeломудрието
и чистотата срдечна.
Биди скромен, целомудрен, послушен, милостив,
повлечен и незлобив.
Не си простувај сам на себе, не заборавај си ја работата.
Засакај го трудот, протерај го стравот, отфрли го гневот,
Стекни го спокојството на духот.
Криј се од страсните желби.
Не се грижи за ништо излишно,
зашто само за едно треба да се грижиш,
за духовното возрастување.
Подвизувај се и устреми се кон совршенството,
За да би принел плод достоен на покајанието.
Имај си го во срцето споменот на
Името на Небесниот Жених,
та не престанувај Нему да Му служиш.
Возљуби го животот во дворите Господови,
и со сето срце прослави го Создателот и Бог твој.“
На Егина останал до крајот на својот земски живот. Се упокојува во Господа 1920 година. Само миг пред смртта, Св.Нектариј посведочил за гласот, кој во тие мигови му се обратил: „Влези, чедо, во радоста на Господарот свој, те чекаат овде со круната на славата.“ Последните, пак, зборови што светителот можел да ги изусти на овој свет биле: „Мене ли ми се обраќаш, Господи…“
Погребан е во дворот на манастирот, на кого му ги посветил последните години на својот живот. Црквата Христова го вбројува во хорот на светителите кадешто во 1961 година.
Неговото молитвено застапништво за родот наш Христијански оттогаш па до сега е непрекинато, бидувајќи пројавено низ низа од чуда, со коишто Бог го прославува овој свој угодник.
Многубројни се сведоштвата на оние луѓе, коишто благодарение на неговото застапување на чудесен начин се избавиле од духовани и телесни несреќи и болести. Посебно голем меѓу нив е бројот на тие луѓе, кои во благодатоносното делување на Светиот Нектариј Егински најдоа исцелување од најстрашната болест – ракот. Затоа сите ние му се молиме со зборовите на молитвата:
О мироточива главо, Светителу Нектариј, архиереју Божји! Во време на големо отстапништво и безбожништво, со набожност си прозарил и си ја здробил главата на прегордиот сатана, кој ни има изнакажано. Затоа те обдари Христос да лечиш болести неизлечиви, кои не снајдоа поради беззаконијата наши. Веруваме: Те возљуби Бог тебе праведниот, па заради тебе и нас грешните да нè помилува, од проклетството да нè разреши, од болестите да нè избави, та по целата вселена да се слави страшното и преславно име Негово, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вековите на вековите. Амин
Житијата на светиите се доказ и сведоштво оти нашето потекло е небесно. Ние, значи не сме од овој свет, туку од другиот. Човекот е навистина човек само во Бога. живееме на земјата, но за небото, бидејќи нашето живеалиште е на небесата (Фил.3,20) и нашата цел е самите себе да се подготвиме за небесното живеалиште, хранејки се со лебот Божји Кој слегува од неботo (Јн.6,33) на земјата. Но всушност сите оние кои живеејки на земјата со својот живот во Христа, живот наквасен со благодатта Божја го претвкусија небесниот, постанаа ангели на небесата. Токму еден таков земски – ангел или небесен – човек е Свети Нектариј Епископот Пентаполски.
СВЕТИ ПАТАПИЈ
Роден е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Египетска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Египетската пустина, каде што се предаде на подвиг на очистување на своето срце од сите светски помисли и желби заради љубовта Божја. Но, кога неговите добродетели станаа познати меѓу луѓето, почнаа да му доаѓаат и од него да бараат ослободување од маките. Плашејќи се од човечката слава којашто го помрачува човечкиот ум и одвојува од Бога, Патапиј побегна од таа пустина во Цариград. Зашто овој чуден светител мислеше дека можеби полесно ќе се скрие од луѓето во градот одошто во пустината. Си направи колиба во близина на црквата Влахерна во Цариград и таму, затворен и непознат, го продолжи својот испоснички подвиг. Но, таа светлина не може да се скрие. Едно момче, слепо од раѓање, водено од Промислата Божја, дојде кај Патапиј и го замоли за молитва кон Бога за да прогледа и да го види созданието Божјо, та уште повеќе да Го прослави Создателот. Патапиј се смилува на страдалникот, Му се помоли на Бога и момчето прогледа. Ова чудо го откри богоугодникот во целата престолнина и луѓето тргнаа кај него по лек, утеха и поука. Еден прочуен човек Патапиј го исцели од водена болест само што го прекрсти и го помаза со елеј. Едно момче го ослободи од нечистиот дух што го мачеше луто, творејќи крст во воздухот. Демонот излезе од човекот како чад, испуштајќи голем крик. Една жена што имаше рана на градите, исполнета со црви, ја прекрсти и ја исцели. Многу други чуда пројави свети Патапиј со молитва, со името Христово и со знакот на Крстот. Се упокои во длабока старост и замина во Небесното Царство, во 7 век.
СВ. МЧ. КИПРИЈАН И ДЕВИЦАТА ЈУСТИНА
Кипријан бил дoсeлeн oд Картагина вo Антиoхија, кадe штo живeeла и Јустина сo свoитe рoдитeли Eдeсиј и Клeoдoнија. Eдeсиј бил идoлски жрeц и цeлиoт нeгoв дoм бил нeзнабoжeчки. Нo кoга Јустина, oдeјќи пo христијанскитe цркви, ја пoзнала вистинската вeра, таа ги oбратила и татка си и мајка си кoн Христа Гoспoда. Ситe трoјца примилe крштeниe oд eпискoпoт Oптат. Кипријан бил мудрeц, имал врски сo нeчиститe духoви и гатал. Нeкoe расипанo мoмчe Аглаид нeзнабoжeц, на сeкoј начин сакал да ја прeлажe Јустина, бидeјќи гo заслeпила сo свoјата убавина, па какo св. дeвица oдлучнo гo oдбила, тoј пoбарал пoмoш кај Кипријан. Кипријан ги навeдувал лoшитe духoви eдни пo други на Јустина за да ѝ ја разгoрат нeчистата страст пo Аглаид, нo вo тoа нe успeал, бидeјќи Јустина сo крсниoт знак и сo мoлитвата кoн Бoга ги oтфрлувала oд сeбe ситe лoши духoви. Тoгаш Кипријан ја пoзнал силата на крстoт и самиoт сe крстил и сo тeк на врeмeтo пoстанал прeзвитeр и eпискoп. Разлутeнитe нeзнабoжци гo oптужилe нeгo и Јустина, и двајцата билe прeдадeни на суд вo Дамаск, пo штo билe мачeни и пoгубeни вo Никoмидија,
кoн крајoт на III вeк.
- Патување на наведената релација со високотуристички автобус;
- Едно ноќевање во манастир;
- Патување со траект
- Патничко осигурување – освен за патници над 65 год. ( информации во агенцијата )
- Водич и пратител на групата
- Патничко осигурување за лица над 65 год.
- Индивидуални трошоци
- Напомена: За реализација на турата потребни се минимум 40 патници
- Агенцијата има право за промена на програмата во однос на моменталната состојба