Уранополис со крстарење околу Света Гора
24.05.2023
Цена: 1600 мкд
Во цената е вклучено:
- автобуски превоз
- организација и водство на групата
Во цената не е вклучено:
- крстарење 20 евра
- здравствено-патничко осигурување
Света Гора или, официјално, Автономна Монашка Држава Света Гора - е автономна област на третиот крак од полуостровот Халкидики во Грција. Претставува еден од најзначајните православни центри во светот. Света Гора или Атос воедно е име и на познатата планина на полуостровот по која е наречена монашката држава. Според грчкиот Устав, планината Света Гора е политичка самоуправа која ја сочинуваат 20 главни манастири. Духовно, Света Гора е под директна јурисдикција на Вселенскиот патријарх од Цариград. Покрај манастирите постојат уште и 12 скитови, помали монашки заедници, како и многу осамени монашки ќелии на целата територија на полуостровот. Само на монасите им е дозволено да живеат на Света Гора, и моментално на неа живеат околу 2.000 монаси. Ниту една жена нема пристап на Света Гора. Дури и животните женки се забранети (освен, како што велат, мачки и кокошки). Светогорските манастири имаат богати ризници на средновековни богатства, како икони, литургиски одежди, крстови, путири, кодекси и други Христијански документи, свети мошти и друго.
Уранополис е гратче на северот на полуостровот Атос, во подножјето на истоимената планина, и е последно туристичко место на границата кон Светата Гора. Воедно, неговото пристаниште е и појдовна точка за сите оние кои одлучиле да ги посетат манастирите. Со местото доминира стара византиска кула која датира од ХIV век - денес музеј во кој се наоѓаат христијански антиквитети од Халкидики. Во самиот град има многу продавници со разни верски мотиви и рачни изработки од монасите од Света Гора. Исто така, постојат и многубројни ресторани, традиционални таверни, барови, кафетерии, слаткарници...од кои се ужива во прекрасниот залез на сонцето.