07.09-09.09.ЛУТРАКИ
Цена: 69 евра (4.278) денари
*промотивна цена 59 евра (3.658) денари (до 15.08.2019 година)
Услови за деца: До 5 години 1.200 денари, од 5-12 години плаќаат 50% од аранжманот, деца со 12 и над 12 години плаќаат полн износ на аранжманот..
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
1 ден 07.09.2019 (САБОТА) СКОПЈЕ – СОЛУН – ЛУТРАКИ
Состанок на групата 30 минути пред тргнување.
05.00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара)
06.00 часот тргнување од Скопје (паркингот на хотел Вип, спроти Скопски саем)
06.45 тргнување од Велес (бензиска пумпа Мак Оил, каj мотел Македонија)
07.30 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица)
08.30 часот граничен премин Богородица
*Организиран трансфер на патниците од Битола и Прилеп до Кавадарци.
Влез во Грција преку граничниот премин „Богородица“. Патувањето ќе се одвива со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Солун во предпладневните часови. Можност за индивидуалнa прошеткa во центарот на градот: (препорачуваме – посета на Белата кула, кој е симбол на градот, прошетка на главниот плоштад „Аристотел“ и низ центарот на градот: улиците Игнатиа и Цимиски. Потоа, следи шопинг во еден од познатите трговски центри „Cosmos“ и „IKEA“.
Во попладневните часови заминување на групата кон Лутраки. Пристигнување во Лутраки и сместување во хотел „Almopia“. Ноќевање.
2 ден 08.09.2019 (НЕДЕЛА) ЛУТРАКИ
Појадок. Во 10 часот по локално време заминување на групата кон комплексот термални бањи „Лутра“. Слободно време за користење на отворените базени со топла термална вода со температура од 37 – 38 степени. Време за ручек (организиран заеднички ручек кај газда Митре). Во попладневните часови враќање во Лутраки. Слободно време за разглед и прошетка низ Лутраки. Ноќевање.
3 ден 09.09.2019 (ПОНЕДЕЛНИК) ЛУТРАКИ – ВОДЕН – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите. Заминување за Воден. Посета на водопадите и прекрасниот парк познат во цела Грција. Најголемиот водопад е познат како „Керанос“ кој паѓа од 70 метри висина. Слободно време за разглед на паркот и водопадите како и за гиро и фрапе во некоја од грчките таверни.
Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин „Богородица“ со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел „Almopia“ на база 2 ноќевања со појадок
– Организиран шопинг во Солун
– Организиран превоз до бањата Лутра и водопадите во градот Воден
– Организација, реализација и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Користење на базенот е 3 евра на ден и користење на бањите: 2 евра со топла термална вода 38 степени
-Патничко осигурување
–Туристичка такса 1 евро по лице на ден (задолжително се плаќа во агенција)
НАЧИНИ И УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:
-Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот
-Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
-Цените на аранжманот се дадени во евра, се плаќа исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 30 патници
- За ова патување важноста на пасошот мора да биде минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот или важачка лична карта.
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
- За оваа програма е субагент