Амулијани е мал остров и сè попопуларна дестинација за одмор меѓу нашите туристи.
Островот припаѓа на таканаречениот трет крак на Халкидики, Атос. Зошто Амулијани е сè попопуларен? Пред се поради многу чистото море и прекрасните плажи. Островот е мал, но на многу кратки растојанија можете да уживате во десетина прекрасни плажи со исклучително чисто море. Најпозната и најубава плажа е Алиќес, но многу убави се и Агиос Георгиос, Мегали Амос, Карагација и неколку мали заливи. Островот е оддалечен само две наутички милји од копното и потребни се околу 10 минути со траект за да стигнете таму. Амулијани има само една голема населба и таму се приклучува траект. Целиот остров има околу 600 жители. Најголемото место се вика исто како островот, а има се што ви треба за целосен одмор, десетици сместувања, аптеки, лекар, неколку таверни, брза храна (гиро), слаткарници, пекари, супермаркети, забавен парк, кафулиња и шеталиште.
0 Comments
Leave a Reply. |
kараџа турсВаш агент за патување од 1994 година архива
November 2022
категорииАЛБАНИЈА
|