Комплексот „Сулејмание“ веќе 463 години успева да ја сочува својата слава. Архитектот (Мимар) Синан, со клучот добиен од султанот Сулејман Величествениот, на церемонијата на која присуствувале познати лица од државата, кажувајќи ја молитвата „Ја Фетах“, го отворил овој комплекс на 15 октомври 1557 година. Комплексот се состои од 15 секции: џамија, поголем број медреси, гробницата на султанот Сулејман Величествениот, гробницата на Хурем Султан, библиотека, мавзолеј, болница, простор за исхрана на сиромашните, гробницата на архитектот (Мимар) Синан, турска бања и простор во кои се сместени бездомници и сиромашни. Во комплексот, покрај гробниците на султанот Сулејман Величествениот, Хурем Султан и на архитектот (Мимар) Синан, вклучени се и дом за згрижување на сиромашни/стари лица, чаршии и основно училиште. Структурните објекти во комплексот кои ставаат печат во силуетата на Истанбул, се наредени во форма „У“ околу џамијата поставена во средината. Комплексот го красат 1.000 куполи. Влезот во комплексот е преку 11 порти кои имаат различни имиња. #Истанбул #викенд #МакедонијаМакедонија #patuvanje #Stamboll #Instagram #Turkey #travelphotography #love #Valentines #dapatuvame #karadzaturs #Bitola
0 Comments
Leave a Reply. |
kараџа турсВаш агент за патување од 1994 година архива
November 2022
категорииАЛБАНИЈА
|