Скала Фурка или само Фурка, е мало место на полуостровот Касандра на Халкидики. Од Солун е оддалечен само 100 километри.
Плажата е прекрасна и песочна, со кристално чиста вода. На дното има најмногу песок, со појас од камења широк до два метра на влезот, а потоа повторно има песок и плитка вода. Бојата на водата е многу убава, сино-зелена. На брегот веднаш до плажата има две прекрасни таверни со фантастичен поглед на море, но и голем број приватни куќи во сопственост на Грците од Солун. Од таа причина, пристапот до плажата може да биде подалеку од сместувањето отколку што навистина е, со оглед на тоа што не може да се помине низ приватни имоти. Тоа е причината што ова место нема шеталиште покрај море, туку голем и убаво уреден плоштад каде се одвива социјалниот живот. Има кафулиња, продавници, таверни и неколку игротеки за деца. Од големите супермаркети во Фурка, тука се Масутис и Арванитидис, така што туристите имаат можност за погодно снабдување. За поголеми набавки, но и за побогат ноќен живот и поинтересни вечерни прошетки, Калитеа е на само 10 километри, Ханиоти е исто така релативно блиску и секако места на западниот брег, Сивири и Неа Скиони. Скала Фурка е одлично летувалиште исклучиво за оние кои би сакале да го поминат својот одмор на мирно место, без атрактивни содржини за туристите. #leto2022 #Skala #furka #summer #summer2022 #istagram #halkidikigreece #kassndra #Grcka #grcija #Amazing #Aegina #egej #vication #love #грција #одмор #dapatuvame #Халкидики
0 Comments
Leave a Reply. |
kараџа турсВаш агент за патување од 1994 година архива
November 2022
категорииАЛБАНИЈА
|