Во Турција...Кој ја пробал бил еднаш пишман, кој не ја пробал – илјада пати пишман !!!
Пишманија - или tel helva (жичаста алва), çekme helva (растегната алва) или keten helva (лен алва), потекнува од Иран, а во Турција првично се правела во Измир. Легенда вели дека во градот Измир живеел еден слаткар, надалеку познат по своите слатки, кој бил несреќно заљубен во една дебела девојка. Што и да направел љубовта била невозвратена. Очаен, одлучил да создаде сосема ново благо, кое ќе го посвети на својата љубена, со надеж дека ќе ја возврати љубовта. Со своите чираци работел напорно и успеал да создаде снежни бели топчиња од извлечена алва. Во чест на неговата сакана благото го нарекол Шишманије, тоа на турски значи Мојата дебелка. Со убаво врежано име испратил неколку кутии од благото…и успеал, да привлече внимание! За кратко време со таа девојка стапиле во брак и долго време живеење среќно. Но, по одредено време поради љубомората и интригите на неговата сакана, животот со неа се претворило во вистински пекол. Натажен и со скршено срце морал да ја остави. Страдајќи поради тој љубовен бродолом, слаткарот името на благото го менува од Шишманије во Пишманије, што на турски значи “каење“. На следното Ваше патување во Турција мора да пробате пишманије! #Турција #Истанбул #пишман #пишманије #турскакујна #turkish #turkishfood #sweet
0 Comments
Leave a Reply. |
kараџа турсВаш агент за патување од 1994 година архива
November 2022
категорииАЛБАНИЈА
|