На брегот на Јонско море и Епир, помеѓу Превеза и Игуменица,се наоѓа прекрасното градче #Парга... Опкружена со Лефкада на едната страна и островите Паксос и Антипаксос на другата страна, како и неизбежниот Крф, Парга денес е модерно летувалиште со богата туристичка понуда... #Валтос - долга и песочна плажа, една од најпопуларните меѓу туристите бидејќи има прекрасни таверни и барови. Погледот во кој посетителите може да уживаат е единствен-на левата страна тврдината, а на десната страна островите Паксос и Антипаксос. Валтос се наоѓа на 2 км од градот. #Крионери - "главната" плажа во Парга на само неколку метри од центарот на градот. Половина плажа е со песок, а другата половина е со камчиња,а водата е кристално чиста. Огромна атракција е и островот посветен на Богородица веднаш пред плажата. До островчето можете да стигнете со изнајмена педалина или дури со пливање. #ПисоКрионери е веднаш до Крионери(залив до залив се).На врвот на плажата/карпите има црква наречена Св.Атанасиос. #Лихнос е одалечена 5 километри јужно од Парга. Овде се наоѓа пештерата на Афродита која е на 5 мин пешачење од плажата. #jonskomore #grcija #parga
0 Comments
Leave a Reply. |
kараџа турсВаш агент за патување од 1994 година архива
November 2022
категорииАЛБАНИЈА
|