Истанбул - градот на два континенти, градот каде што западот се запознава со истокот, градот кој никогаш не спие...Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Тука имате ретка можност само со преминување на едно и полкилометарскиот мост да застанете на друг континент, азискиот, и оттаму да ја гледате Европа. Тоа е мост по кој дневно поминуваат повеќе од двесте илјади возила и буквално, но и во преносно значење, ја поврзува културата на истокот и на западниот начин на живот. Град со 3200 џамии, 1450 хотели и 12.500 ресторани! Покрај тоа, ќе забележите голем број на продавници и бутици, не за џабе е наречен еден од најголемите трговски шопинг центи во Европа. Истанбул е град на цвеќињата. Секаде каде што има место е зелена површина или цвеќиња. Населението е со своја традиција и култура. Аја Софија Аја Софија најголемата црква-џамија, денес е главното туристичко одредиште. Арапска калиграфија, ориентална раскошна декорација и неверојатни златни мозаични фрески – Христос со Константин, Христос со кралицата Зое, Богородица со малиот Исус, четирите апостоли претставени како ангели. Лицето, засега, со реставрација му е откриено само на Марко. Од 2020 година повторно е џамија, но ја има истата убавина и раскош. Топкапи-сарајот Топкапи-сарајот - повеќе од 400 години главна палата на Отоманското Царство, а денес споменик на УНЕСКО, е репрезентативен пример на материјалното и културното богатство на големите династии. Босфор Срцето на Истанбул како што многумина го нарекле Босфорскиот – мост. Мост кој ги поврзуваат Европа и Азија. Почнувајки од Ortaköy (на европската страна) и завршувајки на Beylerbeyi (на азиската страна). Мостот е висечки со челична конструкција,висок е 1560 метри додека широк 33.40 метри или еднакво на 110 стапалки. Капали Чаршија - е стара приближно 554 години и е едната од најпознатите, најпосетуваите, најголемите и најстарите покриени чаршии во светот. Сината џамија (Султан-Ахмедова џамија) Изградена е во 17 век, а името го добила по ретката и специфична сина боја на ѕидните плочки. Таа е едно од најголемите ремек-дела на исламската архитектура и е најзначајна џамија по онаа во Мека. Единствена е со шест минариња. Има повеќе од 200 обоени прозорци што ја пропуштаат дневната светлина. Неколку факти за Истанбул:
0 Comments
Leave a Reply. |
kараџа турсВаш агент за патување од 1994 година архива
November 2022
категорииАЛБАНИЈА
|